Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
Showing posts with label Историја. Show all posts
Showing posts with label Историја. Show all posts
19 September 2016
Првата светска војна во Македонија е табу-тема
Стогодишнината од Првата светска војна (1914-1918), односно периодот 2014-2018 година на ниво на Европа се користи како повод за потсетување (remembrance) на ужасите на модерното тотално војување и како основ за нови форми на помирување и поврзување меѓу земјите учеснички - страдалнички.
Историјата како учителка на животот, а не како слугинка на пропагандата.
Освен нашиов регион. Особено не во Македонија, земја во која идол на владетелот е неформален шеф на бугарското воено разузнавање, кој бил од истото село како прадедо му и кој војната ја завршил како воен злосторник на страната на губитниците. Таквиот, кој целиот живот го посветил на други цели и „обединување“ со една соседна земја, додека лажел дека се бори за независна Македонија, во последните неколку години власта го промовира како национален херој. Предочување и испитување на фактите и контроверзите е непожелно, па затоа...
Отворањето широка и искрена, издржана дискусија за Првата светска војна во Македонија е табу-тема.
Политички настани и гестови кои наизглед (пред странците) изгледаат помирително, како комеморации на битки и обнова на споменици од минатото заедно со раководство на соседни земји, се протнуваат реда ради. Испаѓа дека тие случувања се повеќе во функција на пропагандата за интерна употреба на режимите во тие земји. Поради лицемерието на истовременото ширење омраза кон тие нации во земјава таквите настани неофицијално се користат за разгорување етничка нетрпеливост меѓу нашите граѓани.
Неопходно е да го смениме ова. Сакале или не, нашите директни предци биле опфатени со Првата светска војна на сите можни начини. Нашата земја била едно од главните боишта. Дури и да не сме биле, таа војна е дел од историјата на континентот и на заедницата кон која повеќето од нас имаат желба да припаѓаме.
Лејбели (тагови):
Бугарија,
Историја,
Македонија,
Србија
02 January 2015
Човекот што го измамил Нерон...
Од „Аналите“ на Такит (лат. Tacitus) книга XVI, напишана 109 г.н.е. (анг. The Annals), за случувањата во 65-66 година:
На цитатов наидов благодарение на стрипот со Марти Мистерија „Дидонино благо“ (Моралес, Кардинале, Орланди).
Судбината наскоро направи будала од Нерон, благодарение на неговата суета и ветувањата што му ги даде некојси Цезелиј Бас, по потекло Картагинец. Тој човек со луда фантазија поверувал во еден свој сон како да е жива вистина, и го самоуверено го претставил како остварлива визија. Потоа отпловил за Рим и со помош на пари обезбедил царот да го прими и раскажал како на својот имот открил една пештера со огромна длабочина во која имало купишта злато, и тоа нековано, туку безоблични маси излиени во старо време. Всушност, тој рекол дека таму лежат тешки златни шипки, а на другата страна на пештерата се подигнати столбови од злато; големо азно, скриено со векови, кое ќе го зголеми денешното богатство. Зборувал дека благото мора да го имала скриено Феничанката Дидона, откако избегала од Тир и ја основала Картагина, од страв новиот град да не потоне во неморал од преголемото изобилство пари, или дека кралевите на Нумидија, кои веќе беа непријателски расположени од други причини, би можеле да ги поттикне на војна алчноста за злато.
Слушајќи го ова, Нерон, без да провери дали авторот или приказната воопшто заслужуваат доверба, ниту пак да прати некого да испита дали е точно тоа што го дознал, и самиот уште повеќе ја надувал приказната, па пратил луѓе да му го донесат богатството, како тоа само да стои и да го чека. Им даде триреми и екипаж посебно одбран да обезбеди брзина. Во тие денови, само за тоа се зборувало меѓу народот, кој поверувал, додека паметните луѓе зборувале поинаку. Во исто време по втор пат беа прославувани и петгодишните игри, па ораторите од оваа приказна направија главна рема на своите говори во слава на царот. „Не само што...“ - велеа тие - „под неговата власт растат обичните насади со плодни жетви, се добива злато од рудниците, туку земјата сега ни отвора нов бериќет и боговите нему му отвораат нови ризници со готово богатство.“ На измислување такви и слични ласкања тие ги трошеа својата речитост и своето подлизурство, сигурни дека Нерон ќе им поверува.“
![]() |
| Паричка што го прикажува Нерон како дели донации. Извор: CNG/Википедија |
„Расипништвото во меѓувреме се зголемуваше, засилено од нереалната надеж, па императорот ги трошеше старите богатства кои инаку ќе потраеја повеќе години. Тој дури и даваше и премногу од овој извор, додека очекувањето на тие нови богатства беше една од причините за осиромашување на државата. А Бас навистина си го имаше прекопано имотот и сакаше да копа и во соседоството, упорно тврдејќи дека на ова или на она место е ветената пештера. По него не одеа само војниците, туку и маса селани кои служеа како работна сила. Најпосле тој и самиот стана свесен за својата залуденост, па почна да се чуди бидејќи наводно до тогаш сите соништа му се остварувале, па ова било прв пат да биде излажан. За да избегне срамота и мачење, тој се самоубил. Некои писатели велат дека бил фрлен во зандана, а потоа пуштен откако му бил одземен сиот имот наместо привидното царско благо.“
На цитатов наидов благодарение на стрипот со Марти Мистерија „Дидонино благо“ (Моралес, Кардинале, Орланди).
07 April 2014
Дали жените имаат заслуги за развојот на Република Македонија?
Зар единственото важно што направиле жени за државава од 2009 до 2014 година било да бидеш позната пејачка или 1/12 од стручен тим на машка репрезентација?
Според неговиот „Отчет“, Ѓорге Иванов во текот на неговиот мандат како претседател на Република Македонија доделил медали на 185 личности. Официјалното образложение е следното:
4% од добитниците на вакви признанија се жени.
Тие 4% ги сочинуваат 8 лица. Две се државјанки на РМ - сопартијката Есма Реџепова-Теодосиевска и Ива Чадиковска - членка на стручниот тим на машката ракометна репрезентација која добила орден во пакет со дузина други лица од таа екипа. Другите 6 се странски државјанки, од кои една професорка по славистика и 5 претставнички на етничката македонска дијаспора.
1% добитнички државјанки наспроти околу 50% жителки ми се чини прилично несразмерно, особено поради амбициозната декларација дека се давало признание за „сè што е постигнато“. А вам?
PS
Ако се оди и по области, еве на пример според тоа кои министри биле одликувани постхумно, испаѓа дека „сè“ се состои од - полиција.
Сличен нејасен критериум е применет и кај инстуциите. На пример, во приоритетната област образование, одликувани се цели две високообразовни институции Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово.
Според неговиот „Отчет“, Ѓорге Иванов во текот на неговиот мандат како претседател на Република Македонија доделил медали на 185 личности. Официјалното образложение е следното:
„Сето ова го правев за да пратам силна порака до македонската јавност дека сè што е постигнато во културата, спортот, општествениот живот е вреднувано и забележано од државата.“
4% од добитниците на вакви признанија се жени.
Тие 4% ги сочинуваат 8 лица. Две се државјанки на РМ - сопартијката Есма Реџепова-Теодосиевска и Ива Чадиковска - членка на стручниот тим на машката ракометна репрезентација која добила орден во пакет со дузина други лица од таа екипа. Другите 6 се странски државјанки, од кои една професорка по славистика и 5 претставнички на етничката македонска дијаспора.
1% добитнички државјанки наспроти околу 50% жителки ми се чини прилично несразмерно, особено поради амбициозната декларација дека се давало признание за „сè што е постигнато“. А вам?
PS
Ако се оди и по области, еве на пример според тоа кои министри биле одликувани постхумно, испаѓа дека „сè“ се состои од - полиција.
Сличен нејасен критериум е применет и кај инстуциите. На пример, во приоритетната област образование, одликувани се цели две високообразовни институции Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово.
Лејбели (тагови):
Историја,
Македонија,
Ракомет
18 March 2013
Скопје 2014, споменикот на Цар Самуил: Печатни грешки излеани во бронза
Еден од примерите за фушерај во проектот Скопје 2014 е и плочата со
објаснување пред споменикот на Цар Самуил. Плочата е излеана во бронза,
на македонски и англиски јазик.
Преводот е прилично буквален, со конструкции на реченици целосно пресликани од македонскиот и како такви прилично несмасни ако се споредат со вообичаените на англиски.
Очигледно е дека пред да се излее во бронза текстот никој не го погледнал два пати, дури ни самиот преведувач. Кај делот за автокефалноста има и апла печатна грешка кај што им останало и некое претходно „autoce-“ пред „autocephalous“. Во нормални околности ваков запис, наменет да остане трајно и вечно да комуницира со странските гости, би требало да го погледне и локален стручњак (лектор-коректор) и можеби роден говорител на целниот јазик. А овде не бил вклучен ни автоматски спелчекер.
Под претпоставка дека поставувањето вакви споменици е оправдано, одговорните би морале да одговараат и за самата презентација на содржината и изборот на јазици. Дискутабилно на пример зошто баш се фалиме со пљачкашкиот поход и уништувањето на Задар, а не е спомнат грабежот на Лариса. Покрај основниот македонски е избран само неслужбениот англиски, наспроти на пример албанскиот со кој би помогнало да се индоктр... образуваат голем дел од локалните жители и е службен на ниво на Скопје. Контекстот на Самуил го прави интересен и за туристите од соседните балкански земји, па би било логично и ним на нивниот јазик да им се промовира официјална верзија на историјата, што е суштинската причина за дигањето на тој споменик, меѓу другите.
Башка што има тука и фактички „недоследности“, за разлика од Саудиска Арабија која е наречена според владеачкото семејство, државата не се викала Самуилова - референца која се користи во современото македонско творештво по 1945 година, ниту Гаврило-Радомирова според син му и наследникот после смртта на основачот... Но тоа е друг муабет.

Преведувачки фушерај,
Скопје,
Скопје 2014
17 March 2013
Квазиисторија: Аристотел демек го учел Александар за демократија
Во градот Скопје, на брегот на реката Вардар, под лавот од типот „Грингер“ најблизок до Кале, има релјеф на кој навидум се прикажани филозофот Аристотел и младиот принц Александар на час. Аристотел држи свиток на кој пишува „ΔEMO КРАТИYАТА Е ОСНОVA НА СΛОBOΔATA“ што би можело да се прочита „Демократијата е основа на слободата“.
Нема податоци за тоа кој е Накнадно дознав дека Коки Јанев е авторот на ова пропагандистичко дело од проектот Скопје 2014, но поуките што ги пренесува се тотално спротивни на историските податоци. Од општа култура ми изгледаше нелогично да се прилепува учење за слобода и демократија на кралот Александар, чија цела кариера се базирала на воспоставување и одржување апсолутна власт. Тој не само што се сметал за апсолутен земски владетел, туку се сметал и за бог, или барем во поскромните моменти, син на бог.
За повеќе информации за Аристотел се обратив и до проф. д-р Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, оти знаев дека нејзиниот научен опус опфаќа и анализи на тој историски период. На пример, едно од нејзините дела е книгата „Хелените и смртта“. Таа ми пиша:
Дополнително нелогичен е и начинот на претставување на „поучниот“ натпис со измешани 3 писма: латиница, кирилица и грчко. На релјефот е прикажано и сонце кое личи на античко македонскиот симбол кој би требало да има 16 краци, но ова има само 8.
![]() |
| Антички ученик кој наликува на идниот крал Александар III и антички учител кој наликува на филозофот Аристотел на релјеф од Скопје 2014. |
За повеќе информации за Аристотел се обратив и до проф. д-р Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, оти знаев дека нејзиниот научен опус опфаќа и анализи на тој историски период. На пример, едно од нејзините дела е книгата „Хелените и смртта“. Таа ми пиша:
Македонските кралеви кои подоцна станале и персиски шахови власта ја практикувале тотално недемократски. Александар, а и татко му, отворено се однесувале деспотски и тирански, а нивното кралство и немало некаква робовладетелска демократска традиција како некои грчки градови-држави или Рим. На пример, додека слободата на говор била една од основите и на античките демократии, Александар во една прилика со своја рака го убил еден од најблиските пријатели, Клит, затоа што му пререкол.„Ако учителот на овој релјеф навистина треба да го претставува Аристотел, би му препорачала на авторот да прочита нешто од Аристотел или, барем, да истражи на интернет. Аристотел ја темели својата политичка мисла на критика на демократијата и ја брани идејата на аристократскиот/монархистички поредок.“
Дополнително нелогичен е и начинот на претставување на „поучниот“ натпис со измешани 3 писма: латиница, кирилица и грчко. На релјефот е прикажано и сонце кое личи на античко македонскиот симбол кој би требало да има 16 краци, но ова има само 8.
![]() |
| Релјефот на предната страна на истото подножје на статуата на лав. |
![]() |
| Релјефот на спротивната страна, свртена кон коловозот на бул. Гоце Делчев. |
Лејбели (тагови):
Александар Македонски,
Антиквизација,
Историја,
Македонија,
Скопје,
Скопје 2014
18 August 2007
Нова временска лента: Јунаците на Плутарх
Плутарховите биографии „на благородните Грци и Римјани“ се меѓу највлијателните историски дела во историјата - на пример Наполеон Бонапарта си носел копија со себе на сите походи.
Особено важни се преводите на француски и англиски, направени во текот на ренесансата и ревидирани неколку века подоцна - достапни на веб (Paralel Lives). За жал, колку што јас знам, на македонски е преведена само биографијата на Александар, во издание на Нова Македонија некаде на почетокот на деведесеттите - една мала жолта книшка.
Како алатка за љубителите на историјата имам направено хронологија на животите на јунаците на Плутарховите житија, според написот на англиската Википедија.
28 May 2007
Битката кај Мегидо (Армагедон)
На Ју тјуб почнаа да се појавуваат копии на документарци расцепкани на делчиња (оти сајтот не дозволува клипови подолги од 10 минути). Овој е за битката кај Мегидо во денешен Израел, кога на 9 мај 1457 г.п.н.е. војската на египетскиот фараон Тутмос(ес) III ја победила сириската војска под водство на господарот на Кадеш.
Градот Мегидо се наоѓа во долината Тал Мегидо, по нашки позната како Армагедон - место каде што според бибилијата треба да се одигра последната битка меѓу силите на доброто и злото, на судниот ден.
Лејбели (тагови):
Историја
26 February 2007
Стратешки книги достапни бесплатно на интернет на англиски јазик
- Сун Цу: Уметноста на војувањето (6 век п.н.е) - The Art of War by 6th cent. B.C. Sunzi
- Тукидид: Историја на Пелопонеската војна (5 век п.н.е.) - The History of the Peloponnesian War by Thucydides (анализа)
- Макијавели: Владетелот (1513 г.) - The Prince by Niccolo Machiavelli
- Мусаши: Книга на петте прстени (1645 г.) - A Book of Five Rings by Miyamoto Musashi
Лејбели (тагови):
Историја,
стратегија
15 January 2007
Климатските промени ги сотреле Танг и Мајите
Наводно, климатските промени се виновни (Дневник, 5.1.2007):
Според Лери Гоник („Картун хистори 3“, стр. 115-123) проблемите на мултикултурната династија Танг биле финансиски. Во 780 почнале да бараат данок во пари наместо во натура од селаните. Тоа водело до осиромашување, па селански буни, итн. Ваков сличен потег во Византија довело до поддршка на востанијата на Ѓорѓи Војтех и Петар Делјан, ако добро се сеќавам...
Пропаѓањето на династијата Танг, една од најзначајните во кинеската историја, како и пропаѓањето на високоразвиената цивилизација на Маите во Средна Америка може да се објаснат со големиот број климатски промени што ја зафатиле нашата планета. Научниците сметаат дека промените биле предизвикани од силните монсунски ветрови. Меѓународниот собир на научници го предводел Џералд Хог од Центарот за истражување на Земјата од Потсдам. Тој го поврзува исчезнувањето на двете големи култури и цивилизации со големите промени на климатските циклуси што се случиле меѓу 700 и 900 година. Ова тврдење е објавено во стручниот весник „Природа“ [Nature].Еден од најголемите недостатоци на филмот „Апокалипто“ од Мел Гибсон, според критичарите-археолози, е што крајот на урбаната цивилизација на Мајите го става во времето кога Шпанците навлегуваат во Америка (16 век). Всушност, Мајите престанале да живеат во градови пет-шест века пред тоа.
Според Лери Гоник („Картун хистори 3“, стр. 115-123) проблемите на мултикултурната династија Танг биле финансиски. Во 780 почнале да бараат данок во пари наместо во натура од селаните. Тоа водело до осиромашување, па селански буни, итн. Ваков сличен потег во Византија довело до поддршка на востанијата на Ѓорѓи Војтех и Петар Делјан, ако добро се сеќавам...
Лејбели (тагови):
Историја
01 January 2007
Хронологија на македонската блогосфера
Интерактивната Хронологија на македонската блогосфера ги документира најважните настани во врска со блоговите поврзани со Македонија.

Хронологијата (временска лента?) е достапна на македонски и англиски јазик.

Хронологијата (временска лента?) е достапна на македонски и англиски јазик.
20 October 2006
Сте ја пробале „Rome Total War - Alexander“?
Слично како и „Алан Форд“, основната верзија на „Рим: Тотална војна“ го признаваше посебниот антички македонски идентитет. Дали некој го има пробано нејзиното продолжение, кое е на тема походите на Александар?„Роум“ (што би рекле ние што одиме „со каро по стрито“) е најдобрата стратешка видео-игра направена досега, со одличен баланс меѓу стратегија и тактика. А ги спојува и поджанровите на стратегија на потези (turn-based) и во реално време (realtime).
Критиките за за „Александар“ се поволни, иако на ГејмСпот нагласуваат дека елементот на дипломатија е минимизиран, за сметка на потребата да се брза да се заврши мисијата пред неговата рана смрт.
Лејбели (тагови):
Александар Македонски,
Историја,
Компјутерски игри
05 September 2006
Преспанска Венеција? Не, ние не сме центар на светот!
Еден од првите македонски блогери (кој пишува на англиски) се нарекува Дејвид Еденден. Од неодамна пак има почнато со блогирање, а особено вицкаст му е постот (Venice of Macedonia? I doubt It.) со кој реагира на написот „Чамци од камено доба закотвени на Преспа“:
Инаку, за оние што не знаат, карактеристиките што ја направиле Венеција - Венеција не било само тоа што биле на вода, туку и стратешката положба, претприемачкиот дух, трговијата и способноста за воени потфати.
А наколни живеалишта имало и во Охрид. Фоткава е снимена кај Градиште - „Миќов град“, каде во водата има и одбележени остатоци од колци, а и скршена грнчарија...
Бомбастичниот наслов затскрива интересен напис за старовремски чамци во Наколец, Република Македонија. Наколец, старовремска Венеција... како не бе, важи! Значи, Долно Дупени мора да било Париз на стариот Балкан! А тек Подмочани!...оригинално објавен во Време, кој на веб-сајтот на Обединетата македонска дијаспора е преведен како „Заборавената македонска Венеција открива предисториски артефакти“ (Forgotten Macedonian Venice Reveals Pre-Historic Artifacts).
Инаку, за оние што не знаат, карактеристиките што ја направиле Венеција - Венеција не било само тоа што биле на вода, туку и стратешката положба, претприемачкиот дух, трговијата и способноста за воени потфати.
А наколни живеалишта имало и во Охрид. Фоткава е снимена кај Градиште - „Миќов град“, каде во водата има и одбележени остатоци од колци, а и скршена грнчарија...
Лејбели (тагови):
Историја
05 July 2006
Репринт на „Македонска искра“ (Macedonian Spark) на интернет

Весникот „Македонска искра“ (Macedonian Spark) бил првиот македонски весник во Австралија, а излегувал од 1946 до 1957 година . Според нивната објава, Политекон пабликејшнс има проект преку кој повторно ќе ги објави сите изданија на весникот на интернет (во вид на скенови).
До овој момент се стигнати до 1952 година, а во содржините има директни извештаи за граѓанската војна во Грција и протерувањето на етничките Македонци од таму - вистинско богатство за историчарите.
Прашања за кои ова може да биде примарен извор се и транслитерацијата и употребата на придавката „словенски“ во однос на идентитет од разни страни.
Тема: историја, македонски јазик.
Лејбели (тагови):
Историја
01 July 2006
Со свој камен од Розета по своја глава
Читам за презентацијата на проект во МАНУ со кој академик Башевски и проф. Тентов наводно го дешифрирале Каменот од Розета (Rosetta Stone, British Museum). Доколку истражувањето е валидно, ова е епохално откритие на светско ниво.
Во текстот објавен во Утрински не најдов аргумент со кој се опвргнува општоприфатената теза дека средниот текст е напишан на антички египетски јазик. Изнесеното ги дава техничките карактеристики на текстот, но ништо за содржината на „демотскиот“ (= народен) текст. Во извештаите во другите весници имаше уште помалку податоци. Оти не гледам на грав, решив да го побарам интегралниот текст на истражувањето, но веб-сајтот на МАНУ воопшто не работи.
Всушност, не беше наведено дали истражувачите воопшто го публикувале истражувањето некаде на англиски. За да го видат други научници, тоа треба да излезе во некое научно списание, по можност престижно. Само така има шанса да излезе од границите на МАНУ, односно на неколку новински написи, а да се референцира само во некоj од романтичарските памфлети на локалните историчарски аматери... Научна мисла се создава со документирање и објавување, а не со криење.
PS
Освен една вест од македонски сајт што понекогаш преведува текстови од весници, на Гугл њуз нема ништо за откритието...
Тема: историја.

Вуна и Народот на Сонцето
Еее, не се само Македонците народ на Сонцето. Еве Вуна ни дава текст и спот од Рејџ агејст д машин на таа тема - се раскажува за геноцидот врз индијанците, особено оние од Мексико. Целта на спотот била да се влијае на немешање во внатрешните работи на Мексико, колку што се сеќавам во врска со нео-запатистичкото востание.
Секако, како припадник на култура која била буквално колонизирана до 1944 година, моите симпатии се на страната на колонизираните. Индијанците особено. Уште од основно, самоволно и доброволно се имам индоктринирано во полза на нивната кауза, не само преку романтичните Ункас, Чингачгук, Текс Вилер, Кен Паркер и Мистер Но, туку и преку документарни дела како „Погребете ми го срцето кај Рането Колено“ (Burry my heart at Wounded Knee) од Ди Браун.
Арно ама, сепак работите не се црно-бели. Мора да се спомене нешто во врска со Маите и Мексиките (= Ацтеките) кои се споменуваат во песната.
Шпанската колонизација вистина донела економска експлоатација, дури и ропство за дел од населението, геноцид преку нови болести (ненамерен, за разлика со некои северноамерикански племиња), сурова религиозна и културна асимилација. Но причината зошто Шпанците прилично лесно ги победиле и затекнатиот император Монтезума и востанието на внук му Куахтемок (споменат во песната) била тоа што повеќето Мексиканци веќе биле поробени. Поробени од Ацтеките - едно од многуте локални племиња, кои не само што им го правеле многу слични работи, туку тоа го правеле и многу посурово.
На пример, нивната религија (а и на Маите) барала принесување човечки жртви на боговите, меѓу кои и на Сонцето. Сосе она познатото расцепување на градите со нож од кремен на врвот на пирамидата, па подигање на сеуште пулсирачкото срце кон небото. Нишката Ќеле-кула (Skull tower) е обична шупа во однос на нивните храмови. Жртвите ги земале најчесто од редовите на воените заробеници. За да имаат заробеници, постојано или освојувале нови територии, или поттикнувале бунтови или „откривале“ заговори во вазалните држави, само за да имаат изговор за војни. Шпанците ги донеле конквистадорскиот католицизам и инквизицијата. Веројатно за мнозинството Мексиканци тоа било подобрата алтернатива.
Тема: историја.
Секако, како припадник на култура која била буквално колонизирана до 1944 година, моите симпатии се на страната на колонизираните. Индијанците особено. Уште од основно, самоволно и доброволно се имам индоктринирано во полза на нивната кауза, не само преку романтичните Ункас, Чингачгук, Текс Вилер, Кен Паркер и Мистер Но, туку и преку документарни дела како „Погребете ми го срцето кај Рането Колено“ (Burry my heart at Wounded Knee) од Ди Браун.
Арно ама, сепак работите не се црно-бели. Мора да се спомене нешто во врска со Маите и Мексиките (= Ацтеките) кои се споменуваат во песната.Шпанската колонизација вистина донела економска експлоатација, дури и ропство за дел од населението, геноцид преку нови болести (ненамерен, за разлика со некои северноамерикански племиња), сурова религиозна и културна асимилација. Но причината зошто Шпанците прилично лесно ги победиле и затекнатиот император Монтезума и востанието на внук му Куахтемок (споменат во песната) била тоа што повеќето Мексиканци веќе биле поробени. Поробени од Ацтеките - едно од многуте локални племиња, кои не само што им го правеле многу слични работи, туку тоа го правеле и многу посурово.
На пример, нивната религија (а и на Маите) барала принесување човечки жртви на боговите, меѓу кои и на Сонцето. Сосе она познатото расцепување на градите со нож од кремен на врвот на пирамидата, па подигање на сеуште пулсирачкото срце кон небото. Нишката Ќеле-кула (Skull tower) е обична шупа во однос на нивните храмови. Жртвите ги земале најчесто од редовите на воените заробеници. За да имаат заробеници, постојано или освојувале нови територии, или поттикнувале бунтови или „откривале“ заговори во вазалните држави, само за да имаат изговор за војни. Шпанците ги донеле конквистадорскиот католицизам и инквизицијата. Веројатно за мнозинството Мексиканци тоа било подобрата алтернатива.
Тема: историја.
13 June 2006
Александар Македонски во Алан Форд
Најновиот број на Алан Форд („Tobija beži“, април 2006 г. Суперстрип бр. 35, 30 денари по македонските трафики, наслов на оригиналот „Tobia non ci sta“, епизода бр. 284, оригинално објавена во февруари 1993.) содржи и приказна на Број 1 за Александар Македонски.
Се работи за уште една голема победа во промоцијата на Македонија - барем во српскиот превод, Александар („taj nesposobnjaković koji je više voleo vino od žena“) не е наведен како Грк. ;-)
Стрипот добро го погодува и духот на Македонците: во приказната за скоро секоја активност, од избор на цели за напаѓање, преку опремување на војската, до изградбата на Александрија, е поврзана со земање мито и провизија.
Тема: историја.
Се работи за уште една голема победа во промоцијата на Македонија - барем во српскиот превод, Александар („taj nesposobnjaković koji je više voleo vino od žena“) не е наведен како Грк. ;-)Стрипот добро го погодува и духот на Македонците: во приказната за скоро секоја активност, од избор на цели за напаѓање, преку опремување на војската, до изградбата на Александрија, е поврзана со земање мито и провизија.
Тема: историја.
Лејбели (тагови):
Алан Форд,
Александар Македонски,
Историја
Subscribe to:
Posts (Atom)