Прекрасна бајка за доживувањата на Црвенкапчо во главните текови на македонскиот медиумски простор. Роберт Хајнлајн во неговата највлијателна книга „Странец во стран(с)ка/чудна земја“ (Stranger in a Strange Land) укажува дека хуморот е одбранбен механизам наспроти апсурдната баналност на баксузното секојдневие...
Горенаведената бајка не е само за возрасни, препорачливо е да ја прочитаат и деца.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
Showing posts with label Препораки. Show all posts
Showing posts with label Препораки. Show all posts
09 February 2008
30 January 2008
Препорака: Интервјуто со Мухиќ кај Букарски
Баш убаво од Букарски што го преобјавил интервјуто на Ѓоко Трајковски со Ферид Мухиќ за „Елфаско“ од мај 1996 година. За жал, Македонија има многу муабетџии, но многу малку мислители. Без разлика на тоа дали јас се согласувам или не со нивните ставови или сознанија, мислам дека е важно да поминеме низ процес на запознавање со нивните дела - во крајна линија и за да може аргументирано да ги оспориме. Мухиќ е бездруго еден од тие етаблирани интелектуални творци.
Елфаско: Глобалните комуникации, демократизацијата на системот се одвива одвнатре. Не мислите ли дека информацијата како атрибут и носител на реална моќ се дисперзира многу повеќе отколку што би сакал самиот систем?Во интервјуто се покренуваат најразлични теми, од хипиците и екологијата до приватноста.
Мухиќ: Тоа ви се привидува. Нема информација која не е под контрола. Самиот факт дека информацијата може да влезе во етерот значи дека таа е под контрола. Но добро. Системот во сегашни услови е можеби подобронамерен во искрена смисла, така што создава впечаток дека е отворен и демократичен. Тоа е принципот на Хајд Пар. Знаете, доколку сакате да зборувате таму - тоа е најпрвин одбрано место, каде еднаш неделно морате да стоите на клупа и да ставите хартија врз себе, затоа што она што вие би го рекле не смее да се кажува на англиска почва. Дали е тоа слобода, се разбира дека е, но дали е заборавање дека ово зборува (sic). Просто кажано, тоа значи дека не е направено без контрола на системот.
Лејбели (тагови):
Препораки
Subscribe to:
Comments (Atom)