Блекаут

Showing posts with label Женствени жени. Show all posts
Showing posts with label Женствени жени. Show all posts

13 April 2007

Инспирирани од смртта на Курт Вонегат

Кога престануваш да се гледаш во огледало, дали огледалото барем за милисекунда ја задржува твојата слика?



Смртта на Курт Вонегат ја одбележаа Ана, Вуна и девојката која се претставува како д Резидент. Таа се вика Лори Харфенист, има свое видео-шоу „на интернет“ и една од неговите епизоди е посветена на цитати за современието од Вонегат.

03 January 2007

Видео: Интервју со Сабрина Салерно

Да, онаа Сабрина - од „Бојс“. Дваесет години потоа. Па вие - видете.

28 December 2006

Најзгодни блогерки на светот

На Гизмодо е објавена галерија на најзгодни блогерки за 2006 година.

Луѓе бе, џабе ли јас повикував да се ставаат фотографии?! Еее, од тие македонски блогерки што ги знам посредно или непосредно, барем пет може без проблем да влезат во листава.

Моми, ставајте фотки на блоговите, доста со аниме и уметнички слики од кеш.

08 September 2006

Химна на компјутерџиите од бивша Југославија

Компјутерџиите од просторите на бивша Југославија уживаат една голема привилегија: за разлика од „запад“, а богами и „исток“, на нашиве простори нема предрасуда дека компјутерџиите не се секси. Напротив!

Сметам дека за тоа голема заслуга има една девојка: Марина Перазиќ од бившата група „Денис и Денис“. Песната „Програм твог компјутера“ (mp3) во старт, уште од 1984 година на компјутерџиите им даде одличен шмек, полезен во понатамошните контакти со жените.

Марина, фала ти!