Блекаут

21 January 2010

Хаити: историја на незамисливи страдања

Го препорачувам написот од Ана Ангелова на Окно „Катастрофа на умот“(п) чија цел е да ја разбуди емпатијата и свеста дека она што се случува на Хаити не е изолирана појава карактеристична само за таа средина:

Со непланското инвестирање на буџетот, странските донации, грантовите и заемите и со нивно трошење за задоволување на лични хирови, политичарите на Хаити креираа земја која е неспособна да се соочи и справи со природните катастрофи…

Ова е особено важно оти целото човештво многу брзо ќе биде приморано да санира низа слични несреќи низ целиот свет, предизвикани од климатските промени и општествените услови.

Многу од денешните компјутерџии може со носталгија да се потсетат дека им е позната мапата на Хаити, можеби и без да им текне дека ја запознале играјќи ја оригиналната игра „Пирати!“ (Pirates!) на Комодор или Амига. Во играта, пловењето низ Карипското Море меѓу Куба и Јамајка покрај денешно Хаити беше проблематично поради јакиот ветер и малкуте градови на брегот. Играта дава романтична слика за еден период кога всушност профитот се базирал на геноцид и ропство, а пиратите биле дел од тој „синџир на исхрана“, односно „економски модел“.

Ако ве интересира воената историја на Хаити, знаете англиски и не ви пречи политичка некоректност, може да ви послужат следните два написи од 2004 г. во кои се објаснува како функционирал системот на владеење заснован на

  • тотална поврзаност меѓу државата (диктаторот) и религијата (суеверието),
  • во спрега со башибозукот (паравоени формации на партиски кадри лојални само кон водачот),

кој го нарушувале само повремени интервенции на маринците на САД:

20 January 2010

НВО финансирани од Буџетот на РМ - продолжение

Да ја дополнам информацијата за тоа кои НВО добиле пари од Буџетот на РМ за 2009 година со податокот дека лицето кое ми го прати извештајот во ПДФ подоцна ми кажа дека го има симнато од веб-сајтот на Одделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат во Владата на РМ.

На истава тема имаше можности за коментари и во

18 January 2010

За македонцката стрип-култура

Преку групата за стрип на Пинг дознав дека Македонскиот стрип форум овозможува бесплатно гледање на документарниот филм „За македонцката стрип култура“ на Гоце Цветановски. Филмот на интернет е објавен во два(п) дела(п) на Метакафе и може да се вметнува и во постови.

17 January 2010

Дали летовите Скопје-Брисел се укинати?

За ова нема во традиционалните медиуми, но од луѓе што требашо да одат на пат за Брисел дознав дека туристичките агенции веќе не нудат директни летови до главниот град на Белгија (и ЕУ). Наводно, тоа им било потврдено и од компанијата што ги организира летовите.

Последната вест на темава е од октомври, кога летовите почнаа (со помпа). Во распоредот на скопскиот аеродром (сеуште?) стои дека има летови во понеделник и петок.

09 January 2010

Предвидување: Јосиповиќ ќе победи на изборите во Хрватска

Кога би требало да се обложам на тоа кој ќе победи на утрешните претседателски избори во Хрватска, би ги ставил парите на Иво Јосиповиќ, а не на Милан Бандиќ.

Иако Јосиповиќ е фаворит А1 вели дека се можни обата исхода. Независно од анкетите и резултатите од првиот круг, со примена на методот кој го тестирав во рамки на истражувањето на Метаморфозис за примена на новите медиуми во текот на изборите во Македонија 2009 (PDF), сметам дека Јосиповиќ има поголеми шанси.

Накратко, на македонските претседателски избори според измерената поддршка на Фејсбук пред гласањето можеше да се предвидат резултатите на гласањето со разлика помала од еден процент. Проценката опфаќа пронаоѓање на формите на поддршка со најмногу поддржувачи и нивна споредба. Во случајот на Хрватска, тоа се страниците на Иво Јосиповиќ, кој пред изборите има 22.729 поддржувачи, како и на Милан Бандиќ кој има 20.853 поддржувачи. Ова би значело дека Јосиповиќ би освоил 52,15%, а Бандиќ 47,85% од гласовите (важечките гласачки ливчиња).

(Податоците се од 20 часот на 9.1.2010 и до самите избори може да има промени во бројот, но со оглед на постигнатата критична маса процентите најверојатно ќе останат блиски.)

Да видиме дали и овој пат Фејсбук ќе се покаже како добро средство за предвидување.