Блекаут

Showing posts with label Авторски права. Show all posts
Showing posts with label Авторски права. Show all posts

12 June 2008

Канада: Аферата со Законот за авторски права преку стрип

Културата на нашата пријателска Канада е во опасност.

Странски корпорации преку непотврдени обвиненија за пиратство и лобирање на домашни политичари, наспроти мислењето на домашните засегнати страни, се обидуваат да го сменат законот за авторски права како што ним им одговара. Со тоа попатно се влошуваат условите за зачувување на културното наследство и работа на локалните автори, кои се бунат.

Добар начин да дознаете за прашањето набрзинка е преку стрипот „51 држава“ (пдф).

19 April 2007

Ново продолжение на Петар Пан, на македонски и хумано

На времето, Џејмс Метју Бери (1860-1937) го доделил приходот од авторските права од Петар Пан на Детската болница „Грејт Ормонд Стрит“. На седумдесетгодишнината од неговата смрт, кога авторските права на истекуваат, спроведен е конкурс за официјално продолжение на кој победила Џералдин Макоркран со „Петар Пан во црвено“ (Peter Pan in Scarlet).

Издавачката куќа Вермилион го има објавено преводот на македонски, а во духот на зачетникот на сагата доделува по 10% од секоја купена книга на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле, Скопје.

Убав биографски филм за Џ.М. Бери е „Наоѓање на Недојдија“ (Finding Neverland) со Џони Деп и Кејт Винслет.

02 December 2006

САД го легализира абандонверот

Одделот за авторски права на Владата на САД објавил нова регулатива со која се дозволува „користењето и дистрибуцијата на абендонвер“ (abandonware), односно софтвер што повеќе не се дистрибуира од страна на оригиналните издавачи.

Ова е одличен знак оти конечно се декриминализирани љубителите на старовремските игри од Абандонија, како што се Дјун, Центурио и Елит. :-)

24 May 2006

Пиратството не е само софтверско

Повикувајќи се на последното истражување на БСА (Business Software Alliance) „Глобална пиратерија во 2005“, Метаморфозис известува дека 70% од софтверот во Македонија 2005 година е нелегален.
Загубите поради користење на нелегалниот софтвер во нашата земја се проценуваат на околу 9 милиони долари.
Сепак се забележува тренд на благо опаѓање на користењето на нелегален софтвер во Македонија, споредено со 2004 г. кога стапката на користење пиратски софтвер изнесувала 72%.
Овие бројки се однесуваат на пиратски софтвер, за чии шиткачи сеуште не сметам дека се просветители.

Мислам дека при проценките на пиратството во земјава треба да се земат предвид и активностите на оние што се платени да бидат просветители - просветните и научните работници. Постепено кај мене созрева ставот дека токму плагијатот е најлоша форма на пиратство.

Според разновидни вести, испаѓа дека токму од плагијатори врие во нашиот академски естаблишмент: од луѓе што се здобиваат со титули, до учебникари кои препишуваат учебници, прават „скрипти“ итн. Има ли некој академски совет на честа што го евидентира ова?