Блекаут

21 April 2008

Промоција на книгата на Дуле Варваринот

Промоцијата на книгата „Писателот Варски и други раскази“ од Душко Гошевски е закажана за понеделник, 21.03.2008 од 20:30 часот во К.Ц. „Точка“ во Скопје.

pisatelot-varski.jpg

Содржината првпат беше објавена на неговиот блог, а потоа во форма на е-книга под лиценца од Криејтив комонс. Во хартиена (малку изменета и дополнета) форма ја објавува „Темплум“.

„Чие“ е ова знаме?

Знаме на британската Источноиндиска компанија Грчко знаме

Целосна англиска верзија на уште еден ангажиран пост на ВББ, за потеклото на едно знаме и апсурдноста на мешање авторски права и идентитет. Идеално за дигување, стамблирање итн.

Инспирација | Реакција

12 April 2008

Диско нинџа

Како уште еден знак на поддршка на прославата на Сакура и традиционалните врски со јапонската култура кои ги негуваме од осумдесеттите, го пренесувам соодветниот спот од легендарниот „Како је пропао рок енд рол“.


Па кој може да одолее на стиховите:

Da te čuva samuraja sedam
Ukrast ću tebe ja nikome te ne dam
i bit ću ti pčela sa trešnjevog cveta
žaoka sam ljuta znaj onom ko ti smeta


11 April 2008

Македонските блогерски реакции на Глобал војсис, за прв пат

Како што веќе пишав на насловна (во својство на уредник на Блогерај за април), пред некој ден беше објавен првиот напис од Македонија на порталот Глобал војсис онлајн, во моментов достапен на англиски, македонски и албански.

Излегувањето на написов ми е многу важно оти овоможува ширење на изворни информации од нашата земја во светот преку медиум кој е влијателен во круговите за човекови права. Ако се согласувате, стамблирајте го, или поддржете го преку Диг или Кајмак.от.

Дополнително, мене лично ми беше важно за да го исполнам ветувањето. Инаку, наидов на потешкотии оти сакав да го украсам текстот со пригодна илустрација, затоа што повеќето од блоговите кои ги цитирав не користат Криејтив комонс со што се отежнува ширењето на такви содржини:

  1. За да преземам фотка треба да трошам и свое и време на авторот за добивање дозвола.
  2. Содржините на Глобал војсис се објавени под лиценцата на Криејтив комонс наведи извор, за да може да ги преземаат и други медиуми. Ако фотката e со целосен копирајт, другите медиуми веројатно нема да ја преземат оти е преголема гњаважа да чекаат на одобрение од оригиналниот автор...

Затоа во идните вакви написи пред сè ќе ги имам предвид блоговите кои користат Криејтив комонс (може и сами да додадете линк во базата).

Повеќето наши автори пишуваат на мајчиниот јазик и за локалната публика, па допирот во странство им е максимално ограничен на дел од дијаспората. Бројот на повеќејазични сајтови од Македонија е сеуште многу мал, особено на оние кои имаат јасен фокус за пренос на вести и тоа го прават редовно, како на пример Метаморфозис на тема информатичко општество. Затоа е важно да објавуваме на што повеќе јазици, и светски и регионални.

10 April 2008

Сакура во Скопје - сабота, 12 април 2008

Сакура во СкопјеПразнувањето на Сакура, јапонскиот фестивал на цветање на црешите во Скопје се организира од претходната година, со богата програма. Местото на одржување е улицата „Максим Горки“ на која растат јапонски цреши во центар, кај Лондон кафе во 12 часот.

09 April 2008

My hero: Chuck; the Poetic Prophet/the SEO Rapper

Фала многу Би што го претстави Чак, Поетик профет и СЕО рапер. Човекот е одличен, и неговиот стил, лик и дело тек ќе дојде на свое. Покрај каналот на ЈуТјуб има и блог.


My 2 cents:

PS
Да не беше „Дизајн кодинг“, видео на неделата ќе ми беше најновата верзија на „Ко то тамо пева“.

04 April 2008

Гугл бележи зголемен интерес за Македонија

Според Би: „Тргнувајќи од PR девизата дека секоја популарност е добра популарност, морам да искажам повторно една благодарност до Грците зашто досега Македонија под името Македонија никогаш не била толку присутна низ светските медиуми.“

Потсетувам на една сеуште актуелна иницијатива за социјално вмрежување: Копачи - силно светнал ден за промоција на МК сајтови во светот.

02 April 2008

Стратегија за името на Македонија во ООН

Д-р Игор Јанев има објавено неколку научни трудови на тема спорот со името во меѓународни стручни списанија по меѓународно право. Во 2004 година тој објави анализа на тема стратегија за враќање на уставното име на Македонија во Обединетите нации. Текстот дава и добар преглед на правните прашања поврзани со ова горливо прашање.

Д-р Јанев укажува дека клучот за решавањето на проблемот со името е во ООН, и дека Република Македонија треба да иницира донесување нова резолуција на Генералното собрание со кое ќе се поништат дополнителните услови кои и беа наметнати при приемот во 1993 година. Во случај ова да не успее, тогаш Македонија треба да покрене спор пред Меѓународниот суд на правдата. Овој Суд во тој случај може само да го потврди решението кое го има донесено во 1948 година дека при приемот на нови земји-членки не смее да се наметнуваат дополнителни услови покрај оние од Член 4 од Повелбата на ООН.

Суштината на Привремената спогодба со Грција беше во тоа дека ние се согласуваме со привремена референца и преговори во замена за неблокирање на пристапувањето на РМ во меѓународни институции. Грчкото вето за прием во НАТО е акт на прекин на Привремената спогодба, што ја ослободува РМ од прифатените обврски.