Отсекогаш ме фасцинирало тоа како една иста, макар и најсекојдневна работа различни луѓе може да ја прават секој на свој уникатен начин. Еве на пример - чекорењето. Башка тоа што тој процес ако земете да го реконструирате и не е баш едноставен, што го увидов при цртањето на анимациите за играта Лонгбоу.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
Showing posts with label ВБлог. Show all posts
Showing posts with label ВБлог. Show all posts
12 April 2007
Улична сцена од Истанбул
Чисто фаќање сеир при јадење ашуре во излог на слаткарница на улицата Истиклал во Бејолу во Истанбул.
Отсекогаш ме фасцинирало тоа како една иста, макар и најсекојдневна работа различни луѓе може да ја прават секој на свој уникатен начин. Еве на пример - чекорењето. Башка тоа што тој процес ако земете да го реконструирате и не е баш едноставен, што го увидов при цртањето на анимациите за играта Лонгбоу.
Отсекогаш ме фасцинирало тоа како една иста, макар и најсекојдневна работа различни луѓе може да ја прават секој на свој уникатен начин. Еве на пример - чекорењето. Башка тоа што тој процес ако земете да го реконструирате и не е баш едноставен, што го увидов при цртањето на анимациите за играта Лонгбоу.
22 December 2006
Предбожиќна атмосфера во Загреб
Снимка од плоштадот на Бан Јелаќиќ во Загреб, направена 22.12.2006 г. Луѓето се подготвуваат за Божиќ и се очекува навала по продавниците.
20 November 2006
Ерменско шарпланинче = араратинче?
При посета на езерото Севан во Ерменија ме сретна ова мало кученце кое личи на шарпланинче. Ама бидејќи Аратат е главната ерменска планина, можеби таму ги викаат араратинци. Не прашав, до душа.
07 November 2006
Катедралата во Ечмиаѕен + Гугл видео наспроти Ју тјуб
При посетата на катедралата во Ечмиаѕен, седиштето на поглаварот на Eрменската Апостолска Црква направив кратко видео-клипче со ентериерот на црквата. Според Ерменците, нивните цркви не се многу накитени заради нагласување на духовното над материјалното, па и главната катедрала не е исклучок. Ерменското кралство прво во светот го прифатила христијанството како државна религија во 301 г., десет години пред Рим/Византија.
Клипчето е во форматот за мобилни 3gp, и не беше проблем да се качи и на Гугл видео и на Ју тјуб. Обата сервиси прават автоматска конверзија, со следните разлики:
Клипчето е во форматот за мобилни 3gp, и не беше проблем да се качи и на Гугл видео и на Ју тјуб. Обата сервиси прават автоматска конверзија, со следните разлики:
- На Гугл видео клипот е достапен јавно веднаш, на Ју тјуб се чека подолго време.
- Од оригиналната големина 176х144 пиксели едниот го шири на 400х326, а другиот на 425х350.
- Кај Ју тјуб е полесно да се види пермалинкот, а и кодот за вметнување е подостапен, нема потреба од дополнително кликање.
- Гугл видео има копче за автоматско вметнување на видеото во блог, кое бара да внесување логин и лозинка за блог-сервисот, а потоа не прави ништо.
Subscribe to:
Posts (Atom)