Рисот е еден од ретките европски животински видови што има „преживеано“ од предисторијата до денес... Тоа што во Македонија сè уште имаме зачувано неколку живи единки е неизмерно богатство не само за државата, туку за планетата.
 |
Препариран рис. |
На тоа ме потсети посетата на
изложбата за неандерталците во Музејот на Нормандија во Каен, со одлични реконструкции.
 |
Препарирани лав, мамут и рогови од џиновски елен (megaloceros). |
 |
Препарирана куна, рунест носорог и рис. |
Можеби не може да ги вратиме меѓу нас мамутите, пештерските лавови, џиновските елени и рунестите носорози, но рисовите не се истребени. А ги истребуваме ако им го земаме животниот простор.
Затоа ги поддржувам напорите на
Охрид С.О.С., да го зачуваат биодиверзитетот во Македонија, и препорачувам да ги споделувате нивните содржини што е можно повеќе, како на
Фејсбук така и на
Твитер.
Прв чекор во борбата против узурпацијата на нашите национални паркови, како Маврово и Галичица, е да се зборува повеќе за тоа.
 |
Ве молиме, не ги пипајте животните! |