Блекаут

07 September 2011

Кој колку владеел со Македонија (од прилика)

По повод јубилејот 20 години независност, еве еден мал прилог за љубителите на историја: графички приказ на периодите на владеење на различни партии со Република Македонија. Податоците се преземени од Википедија на македонски, од написите за Влади на РМ.


Кликнете на сликата за поголема верзија.

Заради некои технички ограничувања, на графичкиот приказ датумите на почетоците и краевите на мандатите не се дадени прецизно, туку од прилика - ако дадена партија била на власт поголем дел од некоја половина година (како основна единица), тогаш е означено дека го држела цел тој период.



СДСМ 10,5
ВМРО-ДПМНЕ 9,5
СП 10
ЛДП 5
ПДП 7,5
ЛП 2,5
ДА 4
ДПА 6
ДУИ 7,5
Експертска влада 1,5
Вкупно години на власт (од прилика) - се важи и учеството во Владата за национален спас од 2001 г.

1 comment:

Dragan said...

Одлично соберено и презентирано.

Ме заинтересира СПМ која веќе 10 години е дел од власта. Но, не сум сигурен дали беа дел од власта 1992-1994 година.

Во Wikipedia за Бранко Црвенковски за периодот кога станува премиер 1992 година се вели следново:

„Тој успеал да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет, во која членувале само Албанци.“

Во секој случај најбрилијантната фигура е СПМ во 20-те години историја е СПМ.