- македонски преку Блогерај: Интернет мора да падне - наредба од Штабот на Комитетот | #член16
- English: Macedonia: The Internet must Fall - an Order from the Committe HQ | #член16
Потплати, откупи, присвој, заплаши или ако не може, уништи постоечки медиуми. Отвори портали „кои често објавуваат навредливи информации и директни напади на поединци, фирми, компании“. Спроведувај хајки против неистомисленици - лажни лустрации, дискредитации, чистки. Не спроведувај Кривичен законик кога твои пропагандисти со говор на омраза поттикнуваат раздор и меѓуетничка нетрпеливост.
Доведи ја ситуацијата со слобода на изразување до бедно ниво.
Потоа објави „решение“: Интернетот „мора да се регулира“!
Накратко: Унгарско сценарио во банана-држава.
Потоа објави „решение“: Интернетот „мора да се регулира“!
Накратко: Унгарско сценарио во банана-држава.
***
Затоа што со новите законски „решенија“ опфаќаат поттикнување цензура преку законот за навреда и клевета, измени на Кривичниот законик со кој се намалуваат казните за говор на омраза и ограничувањето на можностите за работа на странски дописници... Дознајте повеќе за напорите на активистите од Македонија кои настојуваат законодавниот процес да се постави на демократски основи и приклучете се!
- Проглас за афирмација на слободата на изразување – од мрежата Фронт за слобода на изразување
- Дискусија на Твитер #член16 – хаштаг наречен според членот на Уставот кој забранува цензура
- Анализа на Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од ЦРМ
- Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клевета – реакција од Метаморфозис
- За затемнувањето – од Слободен софтвер Македонија
No comments:
Post a Comment