- This post is also available in English: Macedonia State Election Commission Changed Data on their Website
Пред 10 часот навистина стоеја бројките како што се забележани во написот на Либертас.мк. Поттикнат од објавите на социјалните мрежи, веднаш штом почнав да го читам написов отидов на веб-сајтот на ДИК и се уверив дека снимките на екран што ги објавиле Либертас се со исти податоци како и таму. Тоа беше околу 9:30 часот на 29.04.2014.
![]() |
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014. |
![]() |
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014. |
Околу 10:30 се навратив и посведочив дека сега има други, исправени бројки кои се поклопуваат меѓу себе. Излезноста на општо ниво сега е пониска,беше 64.05% а сега покажува 63.93%. Слично и за општина Аеродром. Саат време порано стоеше излезност од 99.76%, а сега 68.49%.
![]() |
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014. |
![]() |
Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014. |
Баш ме интересира дали резултатите биле доставени на хартија до меѓународните набљудувачи веднаш по броењето, за споредба.
Како јавност, народ и држава заслужуваме објаснение од ДИК дали се работи за грешка или намерни измени, и ако била грешка што довело до грешката.
--- Дополнето во 15:40 на 29.04.2014 ---
Следново соопштение ДИК го испратиле до медиумите во 14:25 по е-пошта. Го пренесувам во целост:
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈA
29.04.2013 год.
СКОПЈЕ
СООПШТЕНИЕ
Во врска со изнесените тврдења во одредени интернет портали дека во Општина Аеродром има разлика од 20.000 гласови помеѓу важечките и неважечките ливчиња за предвремените Парламентарни избори, Државната изборна комисија го појаснува следното:
При внес на податоци во комјутерскиот систем на Државната изборна комисија направена е типографска грешка во полето 5. од записникот на општинсаката изборна комисија во кое се внесува статитичкиот податок за вкупниот број на избирачи кои гласале. При споредба на внесените податоци во системот со записникот на ОИК Аеродром е откриено дека во системот во полето 5. наместо податоткот 43.818 внесен е податокот 63.818. Оваа грешка е коригирана и нема влијание на освоените гласови и мандати по партии кои се коректно внесени во системот, туку само на процентот на излезност.
Согласно направената корекција, излезноста за парламентарните избори за општина Аеродром е 68,49% а на ниво на Република Македонија е 62,95%.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА