Блекаут

29 April 2014

Променети податоци на веб-сајтот на ДИК за резултати од изборите

 Пред малку на веб-страницата за резултати од изборите на ДИК беа сменети бројките.

 Пред 10 часот навистина стоеја бројките како што се забележани во написот на Либертас.мк. Поттикнат од објавите на социјалните мрежи, веднаш штом почнав да го читам написов отидов на веб-сајтот на ДИК и се уверив дека снимките на екран што ги објавиле Либертас се со исти податоци како и таму. Тоа беше околу 9:30 часот на 29.04.2014.




Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014.

Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014.

 
Околу 10:30 се навратив и посведочив дека сега има други, исправени бројки кои се поклопуваат меѓу себе. Излезноста на општо ниво сега е пониска,беше 64.05% а сега покажува 63.93%. Слично и за општина Аеродром. Саат време порано стоеше излезност од 99.76%, а сега 68.49%.

Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014.



Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014.


Баш ме интересира дали резултатите биле доставени на хартија до меѓународните набљудувачи веднаш по броењето, за споредба.

Како јавност, народ и држава заслужуваме објаснение од ДИК дали се работи за грешка или намерни измени, и ако била грешка што довело до грешката.


--- Дополнето во 15:40 на 29.04.2014 ---

Следново соопштение ДИК го испратиле до медиумите во 14:25 по е-пошта. Го пренесувам во целост:

     РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈA
                
                  29.04.2013 год.
                     СКОПЈЕ

 СООПШТЕНИЕ

Во врска со изнесените тврдења во одредени интернет портали дека во Општина Аеродром има разлика од 20.000 гласови помеѓу важечките и неважечките ливчиња за предвремените Парламентарни избори, Државната изборна комисија го појаснува следното:

При внес на податоци во комјутерскиот систем на Државната изборна комисија направена е  типографска грешка во полето  5.  од записникот на општинсаката изборна комисија во кое се внесува статитичкиот податок за вкупниот број на избирачи кои гласале. При споредба  на внесените податоци во системот  со  записникот на ОИК Аеродром е откриено дека во системот во полето 5. наместо податоткот  43.818 внесен е податокот 63.818.  Оваа грешка е коригирана и  нема влијание на освоените гласови и мандати по партии кои се коректно внесени во системот, туку само на процентот на излезност.

Согласно направената корекција, излезноста за парламентарните избори за општина Аеродром  е 68,49% а на ниво на Република Македонија е 62,95%.


ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

1 comment:

Jerry Benson said...

Јас сум женет човек во моментот со две деца и јас бев заглавен во финансиска ситуација до август 2012 година и дека е потребно да се рефинансираат и плаќаат сметки ми за мојот син лекови. Се обидов бараат заеми од различни заем компании и приватни и корпорации, но никогаш со успех, а повеќето банки се намали мојата кредитна. Но, како Бог ќе ја имаат, се запознав со една жена од Бога приватна кредитот давателот од страна на пријател именуван г-дин Џејмс и добив сума кредит од $ 10,000USD а денес сум сопственик на фирма и моите деца се прави добро ... па сакам да ги советуваат некој има потреба од кредит за да се поврзеш брзо го преку е-маил за: (goodnewsloaninvestment001@gmail.com), тој не знае сум тоа јас се молам дека Бог ќе го благослови за добрите работи што тој го има направено во мојот животот.