Убавините на вмровскиот
новоговор:
Во нормалниот свет, панел-дискусија (анг.
panel-discussion) е кога неколку панелисти дискутираат на дадена тема, како во
слободарскиот камп пред Влада.
 |
Пример за панел-дискусија, одржана на 25.05.2015. на тема
„Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза?“
Фото: Ванчо Џамбаски |
Во
контра-кампот пред Собрание, под „панел дискусија“ подразбираат кога еден говорник им држи говор на присутните „чувари на демократијата“.
 |
Новокомпонирана „панел-дискусија“,
со еден учесник, 28.05.2015. |
Целиот пропаганден пристап на контрапротестите организирани од владеачката партија е исклучително интересен. Ги копираат и извртуваат активностите на граѓанските протести. Почнувајќи од дизајнот на логото, што беше плагијат на лого објавено од поддржувач на протестите, до поставувањето камп, организирање копија на активностите, дури и дизајнот на распоредите... Изгледа забегано, но изгледа поентата е да се збуни народот, па тогаш забеганиот да му остане на збунетиот.
No comments:
Post a Comment