Во саботата уривањето на дивоградбите во селото Трпејца заврши со езерска битка. Урбаната полиција воопшто не успеала да влезе во селото, бидејќи жителите на Трпејца, организирано, со повеќе кајчиња направиле заседа во вода во близина на првата вила - дивоградба. Ги пречекале работниците кои уриваат и не им дозволиле да се доближат до вилите. Почнале да им се закануваат дека ќе ги потопат и ги нападнале со веслата од кајчињата. Работниците биле распаметени, бидејќи само два - тројца знаеле да пливаат.Понатаму...
Како што раскажуваат работниците, нападите на трпејчани повеќе биле насочени кон сопствениците на кајчињата.Кај со оној Јован и официјално влеговме во времето на маѓии, уште и поморски битки од времето пред Саламина ни фалеа по езероно. Во написот се споменува дека тие дивоградбите можеби ќе ги уништувале со динамит.
"Кога почнаа да фрлаат со веслата тие сакаа да ги погодат сопствениците на кајчињата кои беа со нас. Не сакајќи ги погодија нашите работници", велат од урбаната полиција.
Трпејчани им се лути на пештанци, бидејќи тие со своите кајчиња секојдневно ги носат до Трпејца работниците и нивната опрема.
Башка, гледам на Утрински весник со банерче се рекламира некаква организација „Сончев зрак“, коишто тврдат дека „природната рамнотежа“ не се нарушува ако градбите да се градат во пирамидален стил, од долу широки, а угоре потесни. Кај што испаѓа дека дрвјата со широки крошни се неприродни, треба да земеме пример од „старите народи“ кои...
Практикувале формата на објектот во целина да не ја нарушува природната рамнотежа.Значи, карактеристичната староградска архитектура во Охрид предизвикува секакви лошотилаци. Сепак, овие од „Сончев зрак“ нема да ги рушат таквите градби, туку шиткаат некакво апаратче што демек ги решава тие проблеми, спречува рак и не знам што сè не друго. Дури пишуваат дека од Владата ги препорачувале, како во случајот со „Истражувачки проект во Велес“:
На пример: Во природата планините се со благо издигнување во висина. Така е и со растенијата, со долниот дел се пошироки, а во висина се стеснуваат. Сите тие форми создаваат една енергетска хармонија во самата природа.
Денес сe почесто сретнуваме објекти во спротивен однос од природните законитости.
На пример: Високи објекти со рамни покриви, пошироки и од самиот објект.
Објектите повеќе прилегаат на силоси, а не на објекти за живеење.
Исто така сe почести се објекти со поизразена ширина на горните катови, за разлика од долните катови - во форрма на обратно свртена пирамида.
Во овие објекти се создава мошне негативен енергетски интензитет, кај станарите се јавуваат нервоза, главоболки, клаустрофобија и др.
Во централното подрачје во градот во една повеќекатница зачестиле смртните случаи, особено од малигни и од кардиоваскуларни болести. Станарите мислеле дека тоа било виша сила и дека така требало да биде, сe додека еден ден од иста зграда не тргнале погребни поворки истовремено за двајца млади - девојка од 18 год. и дечко од 23 год. Двајцата починале од малигни болести (канцер).Ваква темелна аргументација не сум видел уште од времето кога една другарка ми раскажуваше за тоа како некоја гатара ја гњавела на улица да ‘и гледа. Особено плени поткрепеноста со статистички податоци од типот на период на истражување, број на станари без машинче, број на станари со машинче, број на мртви и болни од сите групи и слични ситници.
Станарите се запрашале што била причината што и младите умирале од таа опасна болест. Веднаш побарале помош од Министерството за заштита на животната околина, а оттаму ги упатиле во “Сончев Зрак”. Екипа од “Сончев Зрак”, предводена од д-р Стојан Велкоски, изврши мерење на електромагнетното зрачење во објектот. Резултатите добиени од мерењата го покажаа следното: сите починати од објектот, вклучувајќи ги и двајцата млади, биле изложени на геопатогени и космички извори на зрачења.
Во овој објект се регистрирани корисници на БИО-СПХ, кај нив не беа присутни негативни симптоми, ниту, пак, имало смртни случаи. Ова ни укажува колку е важна заштитата од електромагнетното зрачење.
No comments:
Post a Comment