Блекаут

17 November 2006

Звукброда во Точка

Ми се направи многу кеиф на концертот на Звукброда во Точка, оти наспроти тоа што влегов прилично уморен музиката суптилно ме „подигна“ и развесели. Концертот беше надоврзан на конференцијата е-Општество, еден вид практичен пример на темата нов пристап кон авторските права во дигиталната ера.

Песни на оваа група од Загреб може да се симнат од нивниот веб-сајт, во mp3-формат и лиценцирани под Криејтив комонс со лиценцата GNU GPL (copyleft).

4 comments:

Anonymous said...

Хмм. Прво, звук брода ја објавуваат музиката под цитирам

"zvukbroda objavljuju pod gnu gpl licencom (copyleft) za label EGOBOO.bits. gnu gpl licenca znaci da se njihovi materijali mogu slobodno koristiti, modificirati i distribuirati u svim svojim derivacijama pod jednim uvjetom: da ostanu dostupni javnosti pod istim uvjetima, tj. da im se ne mijenja licenca."

затворен цитат.

Преземено од http://www.egoboobits.net/ZvukBroda.

Второ не постои Криејтив комонс лиценцА.

Постојат посебни Криејтив комонс лиценцИ, од која секоја си има свои специфичности и што е најважно од се е различна и не може да се идентификува со Криејтив комонс лиценцА.

Повеќе информации на македонски и англиски на http://www.softver.org.mk/novica/01163855305

Razvigor said...

Фала за објаснувањето и дополнителните информации. :-)

Anonymous said...

Може треба да поправиш во постот.

Razvigor said...

Добра идеја.