Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
23 November 2006
Идеална локација за поетско читање на Букарски
Се работи за дуќанот „Буковски“ во скопски „Рамстор“. Местото е исполнето со асоцијации за кои верните читатели на Алекс Букарски ќе најдат допирни точки-чакри со неговото досегашно творештво.
Од алузијата на презимето на омилениот писател, преку контрастот со мачоизмот и вешто употребената самоиронија, до близината на козметичките продавници и нивните конзумерски расположени муштерики - потенцијални припаднички на ордата обожавателки.
No comments:
Post a Comment