Авторите на игри имаат можност да ги качат своите дела на сајтот и потоа да добијат дел од парите што сајтот ги собира преку објавување реклами.
Играчите, пак, може да заработуваат поени со кои подоцна би учествувале во наградни игри и слично, а и просто да се дружат со другите играчи.
Дизајнот на делот за игри овозможува муабетење додека се игра некоја игра со паралелно отворање прозорче со канал за „чат“. Така, двајца или повеќе пријатели може да играат иста игра, која првобитно не е наменета за повеќе играчи, но со ова добива на интерактивност.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
16 July 2007
Конгрегејт - одличен веб-сајт за игри на интернет
Топло го препорачувам веб-сајтот „Конгрегејт“ на сите кои се заинтересирани за играње преку интернет и за флешот како медиум. Како што веќе пишав во рецензијата:
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment