Блекаут

24 November 2009

Тамифлу во Македонија е поскап од Бугарија и Хрватска

Поттикнат од веста дека во македонските аптеки лекот тамифлу чини 1990 денари, се распрашав колку е во Хрватска и во Бугарија, за споредба. Тамошни пријатели заокружено ми рекоа дека е 206 куни, односно 38 лева.

Значи без да навлегуваме во неговата ефикасност и оспореност, додека во

  • Македонија леков се продава за 34 евра,
  • во Хрватска цената е 29 евра,
  • а во Бугарија чини 20 евра.

скоро 5, односно 14 евра поефтино.

Недајбоже еден човек во дадена средина да се разболи, па да треба превентивно да се купува за цело семејство или што знам, работна организација - за луѓето што биле во контакт со него. За секое такво купување оди маржа (= чист профит) за 5 евра поголема од малопродажната цена во држава што има двојно поголем бруто домашен производ по глава на жител.

За соседната членка на ЕУ испаѓа ич муабет да не праиме, тие имаат 14 евра поефтин лек, а сепак многу поголем БДП по глава на жител од нас. Дефинитивно непропорционално.

(Според ЦИА, GDP per capita за Хрватска е $18.400, за Бугарија е $12.900 а за Македонија $9.100)

Па не е фер! И греота е.

2 comments:

А said...

Шо греота, со повисоката цена се стимулира народот да не се разболува. Знае владата :-P

Gorco said...

Да беше само Тамифлу! За операција на очи каде треба да се вградат одредени импланти, разликата е 1 спрема 3 во однос на БГ:МК. Најтажно е што единствен снабдувач за такви импланти во МК се снабдува од генералниот застапник на фирмата од Канада во БГ.

За оние што ги интересира: http://www.labtician.com/retinal_implant_pages/nearest_distributor_page/distributors/bulgaria.html