Има една реклама што се врти по некои радија и на Наша ТВ:
Плажи, вулкани, маслинки, плантажи со портокали, полиња, лозја, Коза Ностра – споени во најголемиот остров на Медитеранот – Сицилија.
[Скопска туристичка агенција] ви нуди десетдневен аранжман со вклучен директен чартер аранжман со [странска авиокомпанија] по цена од [некоја сума] евра. Патувајте со стил, уживајте во откривањето нови места...
Ете зошто не ни доаѓаат туристи во Македонија. Не го истакнуваме најлошото покрај природните убавини и другите знаменитости во настапот во странство, наспроти софистицираниот настап кон домашната публика. Замислете само:
- „Дојдете во Охрид – езеро, историја, архитектура, бродоломи, непотизам…“ или
- „Попова Шапка и тетовско – одлични скијачки терени, традиција, добра кујна, етнички тензии, трговија со луѓе…“ или
- „Посетете го Скопје и најголемата стара чаршија на Балканот, архитектонски акробации, корупција, грабежи на банки…“
Баш би било интересно да се дознае што авионската компанија од ЕУ која е спомената во рекламата мисли за кобрендирањето со сицилијанската Мафија. Ако ве интересира како работат таквите криминални организации, ви ја препорачувам книгата „Гомора“ од Роберто Савијано.
No comments:
Post a Comment