На 14 август 2012 година во Скопје и Битола беа одржани истовремени протести
за укинување на одлуките на
Регулаторната комисија за енергетика заради кои граѓаните на Македонија треба да плаќаат повеќе пари за струја, гориво и парно греење. Мото на мултиетничките протести беше
извикот Аман! и на секој од нив се проценува (
1,
2) дека учествуваа по околу 2000 луѓе. Учесниците изјавуваа дека ова е сериозна бројка за прв протест, организиран само преку
Фејсбук и Твитер (
#АМАН, претходно
#струја), без поддршка на други структури и за време на летните одмори, кога голем број од населението е отсутно од овие градови.
|
На почетокот на протестот Аман! во Скопје, учесник зборува пред камери. Во позадина транспаренти со цитат од Кочо Рацин, на турски „Исклучи го телевизорот/вклучи го мозокот/исклучи го звукот/пушти глас!“ и „Пази да не видат твоите дека твиташ на скапа струја!“ |
Меѓу контроверзните одлуки на „независната“ комисија, чии
членови ги има назначено
семоќното мнозинство во
Собранието се и укинувањето на периодот на поефтина струја во текот на работните денови и воведувањето обврска за плаќање еден вид арач по квадратен метар стан на скопска Топлификација дури и од луѓето кои немаат склучено или имаат раскинато договор со нив. Еден од мотивите за поскапувањето е тоа што со
зголемениот приход од ДДВ ќе се поднаполни државниот буџет кој постојано се празни преку разни преценети градби, фасади и споменици, како и за плати за пренатрупаната јавна администрација - 164 илјади службеници за 2 милиони жители.
(Додаток: Еден анонимен читател ми прати
линк до сајтот на Собрание кој покажува дека актуелниот претседател на РКЕ, за кој
Утрински весник вели дека е кадар на најголемата владеачка партија, е избран на
60 седница на Собранието од 15 јуни 2009 г., без расправа, со 56 гласа за, без против и без воздржани. Ме интересираше дали меѓу тие што гласале за имало и претставници на
опозицијата, но
ПДФ-документот со резултатите ми е
нечитлив, има некоја грешка во конверзијата.)
|
Аман! - протест во Скопје, чело на поворката на бул. Климент Охридски со транспаренти на македонски и албански јазик |
Ден пред протестите, блогерот Кирил Ефремовски
напиша:
Повеќето од нас знаат дека цената на електичната енергија е инпут во
секоја економија. Зголемувањето на цената на истата повлекува низа
поскапувања кои многу наскоро (во септември) ќе ги почуствуваме сите, а
најмногу ќе страдаат оние со најниски примања. Дополнително, од денес ќе
плаќаме и поскап бензин (за еден месец поскапе скоро 15%) чија цена
нужно ќе предизвика дополнитени поскапувања. Дали ќе останете рамнодушни
на сето она што веќе почнува да се чуствува?
Истиот ден, беше најавено дека наскоро
ќе поскапи и лебот, а и дека ќе има
нови задолжувања.
До сега, немам чуено за одговор од властите на барањата од граѓаните. Официјално ги игнорираат, во комбинација со тактика до сега беше да ги темпираат поскапувањата во сред одмори и да пуштат пропагандна офанзива за одвлекување внимание со лустрацијата, или замајувања со споредби со други земји од нивните мегафони.
Организаторите
најавуваат дека протестите ќе продолжат и наредниот вторник.
Во продолжение следат уште фотографии од протестот во Скопје и линкови кон други извори.
|
Народот се собира пред почетокот на протестот во подножјето на Триумфалната Капија и „под нозе“ на зградата на ЕВН |
|
Транспаренти: на албански „Исклучи го телевизорот, вклучи го мозокот...“ и „Доста е! Аман!“, а и на македонски, плус „Парите не се проблем/Пари нема!“... „Струјата моли/не пали ме/ќе те боли!“. |
|
Поглед од под триумфалната капија Порта Македонија |
|
Придвижување кон оближниот влез на зградата во која е сместена Регулаторната комисија за енергетика. |
|
Чукање на портите на Регулаторна. |
|
Поворката поминува покрај реклама со натпис „Воздржи се ако можеш“ |
|
Народот оди по бул. Димитрије Чуповски |
|
Поворката се движи по бул. Климент Охридски кон Владата. |
|
Леток
за протестот закачен на излог на пропадната аптека на бул. Климент
Охридски. Налепниците известуваат дека локалот се издава и дека
претходно аптеката соработувала со државниот Фонд за здравство. |
|
Раскрсницата пред Влада. Дел од поворката е преминат на бул. Илинден... |
|
...додека останатите се на бул. Климент Охридски. |
|
Поминување пред Влада. Наскоро фасадата ќе била заменета со барокна. |
Линкови (ако знаете и за други, особено на блогови и други јавни веб-сервиси, додадете линк во коментар или со линкбек кон овој пост)
No comments:
Post a Comment