Текстовите на претходните евровизијци за балканско уво звучеа океј, но на места невообичаено, па дури и шокантно за некој кому англискиот му е мајчин јазик. Она „make my day, go away“ на Мартин е супер рима, ама буквалниот „оди си“ не е израз што се користи за откачување никаде во реалниот живот на англиско говорно подрачје. А „I'm gonna give it to you" на Елена буквално значи „ќе ти дадам“ и тоа во највулгарната сексуална конотација на тинејџерски озборувања. А како преводот и обработката кои целосно го сменија контекстот на песната на Тоше е тема на посебна приказна.
Конкретно, она „душа балканска“ има сосем различно значење на Балканот и вон него. На Балканот е израз на космополитизам, со кој одреден балканец прифаќа дека има заеднички особини со околните народи (дека и тие се луѓе и имаат душа), наспроти националистичката и меѓуверската омраза, дека е дел од еден поширок културен контекст - на пример, признанието дека ајварот не е македонско/албанско/бугарско, туку балканско јадење.
Арно ама, Балкан и изразите поврзани со него, во западниот свет имаат многу негативна конотација. Не случајно Штуловиот универзитет е наречен Универзитет на Југоисточна Европа, а не Универзитет на Балканот. „Балканизација“ (balkanization) е нешто најлошо што може да му се случи на регион или земја - со векови е синоним за хаос, гнилеж и распаѓање и како таква е вгнездена во западниот дискурс. „Душа балканска“ на запад попрво ќе ја сватат како „душа варварска“ отколку „сентиментална душа посветена на заедничкото музичко наследство и пријателски културен натпревар меѓу народите“.
Сепак, не велам дека треба да се примени изразот „душа југоисточноевропска“. За крај, еден пример на песна со која се нагласуваат општочовечките вредности:
Мојот свет се вика информатика;-)
нема вера ниту граница
мојот свет се осум бита
душа една гиковска
4 comments:
Не ме фаќај за збор, ама ми се чини дека некаде разбрав дека оваа година на мајчин јазик ќе била изведена песната.
Копров даде изјава и рече дека ќе се пеела на македонски, но последниот збор го имаат Авалонци и МТВ, така да се е во игра.
Македонски, иако, што вели Рибаро, сé е во игра.
Јас би ја пеел развигорнава варијанта.
искрено, еден просечен гледач на евровизија нема појма за значењето на терминот балканизација.
или, таква надеж имам јас
Post a Comment