Д-р Даница, во декемврискиот број на новосадскиот магазин за мажи „ЦКМ“, својот одговор на истото прашање, поставено од белграѓанката Марија, го започнува слично: „Најдобро време за водење љубов е нон-стоп! Само, внимавај да не затрудниш. Ако момчето ти се вика Боба, татко му е сигурно Гидра...“.
Арно ама, конкретниот дел од прилозите се разликува. Додека „Вест“ вели дека „според сексолозите“:
Најдобро време да се води љубов е навечер или рано наутро. Сепак, 23 часот се смета за нај-нај интервал погоден за жешки игри, затоа што тогаш мажот го доживува хормоналниот врв.„ЦКМ“ пак промовира сосем спротивна наводно научна информација:
Нервните завршетоци кои кај жените пренесуваат сексуални дразби до мозочната кора се најактивни кон средината на нејзиниот менструален циклус. Кај типовите, нивото на тестостерон е највисоко околу девет часот наутро! Спои ги овие два непобитни факти и ќе добиеш рецепт за идеален секс, а ќе можеш да го применуваш макар еднаш месечно!Ниту едниот, ниту другиот напис не укажуваат на изворите на нивните тврдења, со што е оневозможено нивното евалуирање. До душа, „Ќошето“ по принципот „во оваа дупка или има или нема вода, највероватно“ додава дека и утрото не треба да се пропушти, ако мажот доживеал ерекција. Демек, „компромисот“ е не во „секое време“, туку „кога може“?
No comments:
Post a Comment