Блекаут

17 November 2007

Препорака за Канализација: Сабота на хоророт...

Читајќи го постот на Канализација: Сабота на хоророт и на даунлоудот ми текна дека има еден одличен филм за атмосферата што ја опишува Владо: „Ноќна стража“ (Ночной дозор, Night Watch) на Тимур Бекмамбетов, познат и како прв руски филм со специјални ефекти по холивудски стандарди.
Night Watch review 1 Night Watch review 2
Она што особено ми се допаѓа во филмов, покрај одличните костими, е и користењето на елементи на (условно речено) словенска митологија - детали што додека ги гледав ми се чинеа благо познати и асоцираа на бајките што се одвиваат по шуми. Наспроти тоа, „Ол муви“ вика дека филмот „не е за деца“.

PS
Постои и истоимена слика од Рембрант, од пост-витешко време. Луѓето на неа се „обични“ граѓани членови на холандска „територијална одбрана“.

4 comments:

Владо Апостолов said...

Не сум го гледал филмов жими мајка:)
А имам намера.

Само, го има ли по видеотеките или ќе мора да го копам по интерент?

Ania said...

а знаеш ли дека има и втор дел - со очигледен наслов Дневна Стража...уште го немам ѕирнато, но ми е во план. Во секој случак Ноќна Стража е многу интересен и оргинален филм

Развигор said...

Ана, знам за „Дневна стража“, всушност ги имам и двата дела на ДВД, ги купив во Ерменија (на располагање се, Владо). Но вториот ми е без превод на англиски. Да речеме дека ако имаш малце пасивно знаење руски, голем дел од муабетот се разбира, за помош има и руски титл.

chote said...

А има ли воопшто "англиска верзија" на Д. Дозор?!
Јас прилично се помачив да најдам англиска верзија на Дневниј Дозор. Прво kупив една копија за која шиткачот ми рече дека има и титл и синхронизаија англиска, но испадна дека нема. Онда купив уште една (од друго место), сосем различен ковер од првиот, но сепак, ДВДто во кутијата беше идентично на првото. Онда симнав две верзии на филмот од нет, но и двете беа 100% руски... на крај баталив. :) и почнав да гледам серии :)