Блекаут

11 November 2007

Што бидна со дебатата за мега-издавачките проекти?

13.10: Владата објавува дека ќе даде поддршка за три издавачки проекти
14.10: Развигор советува проектот да го насочат како за 21, а не 19 век и преку дигитализација да се поштеди некоја шума
15.10: Букарски праќа отворено писмо до Премиерот на темата...
15.10: ...и добива поддршка од Јанко, Вуна, Фемгерила, Рибаро и неколку други блогери (чии постови не ми се отвораа, па не ги линкам)
30.10: Коља предупредува „ситнопиљарска логика“ да не се меша со „висока култура“
30.10: Букаро чека одговор од Премиерот...

И? Испадна нешто од оваа дебата?

Баш внимателно ја следев ТВ-рекламата која трае мнооогу минути и тој „средношколецот“ што личи постар од сестра му апсолвентка, иако рече дека: „...парното поефтини, а струјата е субвенционирана за сите...“ не го вброи издавачкиот проект во владините постигнувања.

1 comment:

Bukarski said...

значи, развигор пријателе, не може да добиеш одговор од тие кои ја зачнаа и ја оддржуваа еднострано дебатата цело ова време.

Зошто дебатата (привремено?) запре. Е, прашањето кое веднаш се наметнува “а зошто така?“ е прашање кое мислам дека треба да му се постави нај(не)одговорниот во случајов а тоа епортпаролот на Владата, Ивица Боцевски, човекот кој ме исконтактира ден после објавувањето на моето писмо и кој ми вети дека за кусо време ќе добијам официјален одговор од Владата. (одговор што сеуште го чекам!)