...I've heard that Sarah said to Maria that Oskarпрашувајќи дали таа озборувачка „балада... е можеби божиќна песна“, објавувам дека се работи за песната на Швеѓанката со јапонско потекло Маја Хирасава (Maia Hirasawa) „You and me and everyone we know.“ Се наоѓа преку Лајмвајер во барем две верзии.
and Fredrik found out that Julia...
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
31 December 2007
Песната од рекламата на ти-мобајл (you and me and everyone we know)
Со цел спречување на понатамошен резил и блам на Македонија поради наши сограѓани кои по форуми ја бараат „песната од рекламата на ти-мобајл“
29 December 2007
Немојте да сте ја симнале песнава
Песната е насловена токму така, а содржи поучна лекција за потенцијалните осомничени прекршители на законите за авторски права... од Виерд Ал Јанковик (оригинално било Јанковиќ, дедо му и баба му биле Југословени). Чоекот има поставено урнебесна збирка од негови клипови на Ју тјуб.
25 December 2007
Интересни настани во Точка неделава
Неделава екипите поврзани со Точка баш обезбедуваат интересна понуда:
- понеделник (вчера) имаше проекција на јапонскиот филм „Стил на преживување 5+“ во рамките на Сподели кино од Слободен софтвер Македонија фич’ринг Би како селекторка.
- среда (утре) на пладне ќе има објава на овогодишните победници од конкурсот „Новите“ со журка вечерта
- во четврток ќе има авторска вечер на Алекс Букарски, минатогодишниот победник на истиот конкурс. Неговата дебитантска книга објавена на веб ги руши рекордите на „тираж“ - број на симнувања, особено во споредба со стандардните тиражи на печатени книги во Македонија
- и во петок, концерт на Али Баба и Сефердин, кои исто така објавуваат дигитално
24 December 2007
Тешко е да се биде бог
Две неповрзани дела со ист наслов, обете препорачливи. Ги поврзува и тоа што доаѓаат преку и од руски извори. Првото, кое ме потсети на второто, е видео клипче насловено „Трудно Быть Богом“ кое веројатно не е направено таму.
Второто е книгата „Тешко је бити бог“ од браќата Аркадиј и Борис Стругацки, едни од најпознатите автори на научна фантастика од Русија, а богами и од целиот бивш Советски Сојуз, која како што може да видите, во Македонија влезе во времето на СФРЈ преку српски превод.
Романот е дел од циклус во кој се раскажува за ситуација обратна од онаа во „Ѕвездени патеки“ - земјата праќа „прогресори“, луѓе кои се мешаат во внатрешните работи на други планети со цел да предизвикаат напредок. Се очекува да излезе и филм според книгата.

17 December 2007
Зошто Алан Форд е светски познат само у наше село?

Што мислиш, зошто Алан Форд како италијанска продукција имаше огромна слава во скоро цела бивша YU (еве нас одредени фанови уште нè држи), осредна популарност во Италија, а речиси никаква забележителност во САД, иако знаеме каде се случува дејството на стрипот.Веројатно се работи за геополитички причини. ;-)
Прво, локацијата на стрипот не е важна. Има дела кои се случуваат во минатото, па веројатно не би биле читани од луѓето чие време го опишуваат. Така и Њујорк од Алан Форд е повеќе гротескна метафора за урбаниот живот во главата на читателот, првенствено италијанскиот читател, кој има многу повеќе заеднички работи со бившо-југословенскиот колега отколку со оној од САД.
Во текстот на темата за присуството на Алан Форд само во Италија и бивша Југославија, со неуспешен обид за пробив во Франција, атрибуиран на Александар Зограф, се споменува дека бившо-Југословените во Канада, на чудење на локалните стриповски книжари, барале два таму непознати ликови: Алан Форд и Корто Малтезе. Но, не пишува зошто.
Оваа мистерија не ја разрешува ниту есејот за Алан Форд „Наивец во светот на злите“ од Томислав Османли, објавен во неговата книга „Стрип, запис со човечки лик“ кој заклучува дека:
Пораката што неутешно извира од црнохуморниот стрип за Алан Форд и компанијата е неумолливо едноставна: не е се така црно како што на прв поглед изгледа. Поцрно е.Ми се чини дека ваквиот пристап баш и не бил погоден за пробив на американскиот пазар во седумдесеттите, кога стриповите воглавно ги сметале за детска работа (суперхерои), Крамб и сличните црнохуморџии работеле во длабок андерграунд, а почетокот на пробив на странски стрипови преку Хеви метал и мангата бил оддалечен барем една деценија. Од повеќе извори се стекнува впечаток дека по заминувањето на Магнус со 75 епизода (значи, некаде 1974), Бункер го држел серијалот на автопилот, без голем ентузијазам.
Можеби не се ни обиделе. Всушност, единствен пример за преведено италијанско „рото-романче“ за американски пазар што сум го видел се неколку специјални епизоди на Марти Мистерија, Дилан Дог и сл. што ги има издадено Дарк хорс комикс. И тоа со сосем друг имиџ од оној „за широки народни маси“ со кој се продаваа во бивша Југославија. При тоа, како и за мангата, мислам дека важна улога во создавањето на лојалност кон брендовите има и големиот број продолженија низ кои се впива атмосферата, што е тешко да се постигне во ненавикната средина, како гореопишаната.
Лејбели (тагови):
Алан Форд
Тековната ситуација со Алан Форд во Италија, Хрватска и Србија
Во Италија, Макс Бункер непречено ги објавува стриповите Алан Форд секој месец веќе 39 години. Последната епизода што ја имам видено е бр. 460 (Heil Hitler), во која на некој начин претставува омаж на бр. 19 (Trojica iz Yume) во која Боб, кој игра во претстава за Хитлер, повторно го насанкуваат неговите тројца браќа.
За разлика од епизодите помеѓу бр. 200 и 300, во кои се рециклираа едни те исти мотиви и здодевни финти, во најновите епизоди главна улога имаат Алан и извесна Минует, додека остатокот од групата се најчесто епизодисти.
Во основа приказните за нивните преживелици се менуваат со епизоди засновани на класични книжевни или драмски дела, или како специјални броеви или како прераскажување на учество во бродвејски драми организирани од Тобија Квантрил. Нови елементи се тоа што Минует има некои магиски способности (или ај да речеме јака хипноза) и што злосторствата се прилично крвави. Легендарната цвеќарница е јавно седиште на „Детективска агенција ТНТ“.
За октомври беше најавено и „предвремено“ излегување на епизодата бр. 500 како специјален број, која инаку би требало да излезе во февруари 2011 - што е интересен маркетиншки трик.

Овие епизоди ги црта Дарио Перуча (Dario Perucca), кој низ годините има развиено чист стил близок на зрелиот Магнус, кој на нашата публика познат од епизодата бр. 200 (Hik, hik, hura) - онаа во која ќе се открие дека Број 1 е жив и дека се криел поради заговорот на Велики Цезар.
По терк на Италија и хрватскиот Стрип-агент има плодна продукција низ неколку серии. Најновите епизоди одат преку серијалот „Екстра“, со бела позадина на насловните, а се издаваат и репринти на најстарите, почнувајќи од првата преку серијалот „Класик“, со жолта позадина - и тоа во мек и тврд повез. Имало и специјални броеви , а неодамна е почнато и издавање на некои избрани епизоди во колор, со малку поголем формат. Овие изгледаат прилично добро.
Со „белите“ се дојдени до 440 епизода (Tajanstvena žena), а со „жолтите“ до 57 (Skok u prazno) - скоро сите одлични и според финтите и според оригиналниот цртеж на Магнус, кој е со нешто појак туш. Овие изданија се достапни и во Босна и Херцеговина. Од оваа серија има излезено 17 епизоди, од кои шеснаесеттата е прераскажување на Моби Дик.
Како и во Италија, и во Хрватска повторно се објавуваат и Максмагнус, во тврд повез.
Во Србија, Колор прес груп има продолжено каде што распадот на Југославија ја прекина оригиналната серија на хрватски Вијесник. Изданијата од оваа серија се достапни и во Македонија еден месец подоцна. Последната епизода која е стигната е бр. 300 (Primamljiv poziv), која во Италија е првпат објавена во јуни 1994. Прилично е квалитетна и според цртежот на Перуча и според хуморот. Во неа конечно се разрешува мистеријата со Манџа, започната при крајот на осумдесетитите и не би требало да ја пропуштат некогашните колекционери. Тие исто така објавуваат и серија специјални броеви посветени на прераскажаните класици.
Цените на обична епизода во Италија се 2,5 евра, Хрватска 15 куни, Босна 3,7 марки, Србија 70 динари и Македонија 30 денари.

09 December 2007
Истражувачки приоритети за Балканот
Учествував во анкетата на проектот СКОР за истражувачки приоритети за Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија. Доколку ве интересира наука и развој, учествувајте и вие, со неа потоа се даваат совети кај да се трошат парите на ЕУ на тие теми за нашиот регион.
Потоа малку се замислив, ама не можев да додадам - тестирањето не е за пишман-аџии. Имено, голем дел од проблемите на Балканот доаѓаат од „неразрешени“ историски прашања, кои се всушност неразрешливи со денешниве технологии. Повеќето од нив се однесуваат на идентитетот на личности и групи кои живееле на овие простори и денес се користат во меѓунационалистичките расправии како „историски“ „аргументи“ за последователно крвопролевање. При тоа, доаѓа до „својатање“ (срп.) односно „присвојување“ на видни личности. Примери:

- Александар III Велики - Грк, Македонец, Албанец...
- Крале Марко - Србин, Македонец, Бугарин
- Ѓерѓ Кастриоти Скендербег - Албанец, Македонец, Црногорец, Србин...
- Браќата Миладинови - Македонци, Бугари
- Григор Прличев - Македонец, Бугарин, па дури и Грк (наградените поеми ги пишувал на грчки)
- Милтон Манаки - Влав, Грк...
- Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза - Албанка, Влаинка... итн.
- времеплов - да се донесат „дотичните“ и лично да се прашаат во која етничка група ексклузивно би припаѓале сега, за која партија би гласале и сл.
- масовно генетско тестирање - низ светот има низа проекти кои со земање малку ДНК овозможуваат точно определување на „семејното стебло“ од себе до митохондриската Ева или епсилон-хромозомскиот Адам. Цената им е околу 100 евра по тест. Така, за Македонија би требале едно 200 милиони евра. Со мало делче од таа сума може да се изгради локален генетски институт кој со многу помали трошоци би го опслужувал целиот регионален пазар. Па да видиме колку сме навистина различни.
Лејбели (тагови):
Генетика
08 December 2007
Онаа работа наместо онаа скала
На некои радија тече реклама против сексуална злоупотреба на работното место која започнува (од прилика) со зборовите:
Некои жени мора да ја поминат онаа скала за да ја задржат работата...Мислам дека тој израз „онаа скала“ е тотално промашен во македонски контекст. И ако го преведувале од јазик кадешто има значење, не требало да го увезат буквално, туку да го употребат „онаа работа“. Така и звучи поинтересно:
Некои жени мора да ја направат онаа работа за да имаат работа...
Лејбели (тагови):
Преведувачки фушерај
Партија и Персија
Иако за нив сеуште нема напис на македонската википедија, на секој полуупатен во историјата на стариот век треба да му е јасно дека Партија (Parthia) е посебна цивилизација од античка (Ахаменидска) Персија.
Иако обете империи покривале слични територии (Persia) чие јадро бил денешен Иран, Парќаните (Партијаните?, Партијците?) ги победиле Селеуктидите (потомци на еден од наследниците на Александар Македонски, освојувачот на Персија) и функционирале како светска суперсила во времето на доцната Римска република и царството. Да се поистоветат е аналогно на поистоветување на Византија и Отоманското царство.
Лејбели (тагови):
Преведувачки фушерај,
Стар Рим
05 December 2007
Стрипчето за Криејтив комонс на македонски достапно на нет

Првичната верзија на англиски е достапна на американскиот сајт за Криејтив комонс.
PS
Ако имате блог лиценциран под Криејтив комонс, може да го искористите порталот за дополнителна промоција. Пријавете го во базата на линкови.
02 December 2007
Промоција на книгата „Скриена Македонија“-Лондон, вторник, 4.12.2007

Книгата е многу искрена и информативна. Доколку имате пријатели таму, поканете ги на промоцијата, со која директно се промовираат и убавините на нашата земја, како и соседните - сосе разнообразноста на народи и култури кои живеат околу езерата.
Авторот Кристофер Делисо е новинар и патеписец, кој е и автор на некои од новите, сеуште необјавени, водичи на „Лоунли планет“ за Балканот.
За линкот дознав од Макњуз, а го има и на Кајмак.от.
Subscribe to:
Posts (Atom)