Книгата „Скриена Македонија: мистичните езера Преспа и Охрид“ ќе има промоција во Лондон на 4 декември 2007 (вторник).
Книгата е многу искрена и информативна. Доколку имате пријатели таму, поканете ги на промоцијата, со која директно се промовираат и убавините на нашата земја, како и соседните - сосе разнообразноста на народи и култури кои живеат околу езерата.
Авторот Кристофер Делисо е новинар и патеписец, кој е и автор на некои од новите, сеуште необјавени, водичи на „Лоунли планет“ за Балканот.
За линкот дознав од Макњуз, а го има и на Кајмак.от.
No comments:
Post a Comment