Блекаут

26 September 2009

Сведоштвотот на Александро од „Осуммината“

Пред неколку дена со големо интересирање го прочитав постот на Александро „Осуммината - дваесет години потоа...“ и поради неговата содржина, ама и како документ - примарен историски извор. Ме радува што блогот како медиум и во Македонија станува средство за пренесување директни историски сведоштва од важни настани, од прва рака.

Исто така, многу ми е интересно, но и загрижувачки што за блиското минато имаме многу малку јавно достапна документација. Без разлика каде се досиејата, барем повеќето од директните учесници се сеуште живи. Дали некој ги интервјуира? Дали пишуваат мемоари? Што ќе остане по нашава генерација?

Си приспомнувам на еден исклучително важен пост на блогот Маседониан тенденси од 2006, во кој беше укажано дека ако Васил Тупурковски, како член на последното претседателство на СФРЈ, во деведесеттите напишеше книга на англиски за распадот на Југославија, цел свет ќе го читаше. Ем ќе имаше огромно влијание оти странците навистина се обидуваа да сватат што се случило и дури по десетина години нивни автори почнаа да нудат објасненија... Ем ќе ја промовираше земјава во клучен момент.

Наместо тоа, тој се беше решил да раскажува за античка Македонија... За домашен пазар. Немам чуено ниеден од денешниве „антиквизатори“ ниту да ги спомене тие книги.

1 comment:

Kliment Andreev said...

Јас напишав неколку коментари кај makedon на блог на оваа тема. Чисто ме интересираше, што се случувало во тие денови. Добив некои информации, ама не е тоа тоа.

Во право си дека нема ништо публикувано за тоа време, се е оставено на маалски муабети и прераскажувања, што во старт е грешно. Значи ќе се подгреваат маалските муабети. Друго е кога ќе има некоја книга или публикација, па да се јават со коментари и сите засегнати страни.