Неделникот Глобус денес објави статија за „20 највлијателни личности во македонската информатичка технологија“ [sic]. За жал не е достапна на веб, па еве го списокот за кој не е наведено степенување на влијателноста, туку се само наброени. Ако знам дека имаат блог, линкот е ставен на нивното име.
- Игор Лештар, сопственик на Сивус
- Владимир Трајковиќ, професор на ЕТФ или по ново, ФЕИТ
- Предраг Чемерикиќ, Сашо Мацаноски – Трендо и Горан Милев, сопственици на Он.нет
- Иво Ивановски, министер за информатичко општество
- Јани Макрадули, пратеник и асистент на ЕТФ (односно ФЕИТ) во мирување
- Бардил Јашари, директор на Фондација Метаморфозис
- Игор Трајковски,
асистентпрофесор на ЕТФ (… ФЕИТ) и сопственик на Тајм.мк - Владислав Попов, директор на Неоком
- Маргита Кон-Поповска, професор на ПМФ и претседател на УО на МАРНет
- Александар Марјановиќ, основач и раководител на Александрија
- Ванчо Ордановски, директор на Инфопроект
- Огнен Фирфов, раководен директор за продажба на АД Македонски телеком
- Венко Глигоров, директор на Логин системи
- Александар Пајковски и Коце Петров, основачи на Дуна компјутери
- Миша Поповиќ и Игор Стаматовски од Слободен софтвер Македонија
- Сеад Џигал и Дарко Булдиоски, основачи на Центар за нови медиуми
- Зоран Глигоров и Здравко Стафилов, творци на Маседониа срч
- Тони Петрески, директор на Инет
- Васко Кроневски, директор на Некст сенс
- Горан Митрески, директор на Кабтел
- Мери Кучера-Илиевска, директорка на Оракл за Македонија
- Илијанчо Гаговски, директор на Мајкрософт Македонија
- Петар Индовски, менаџер на Горд системи
Инаку по чаршијата се зборува дека освен горенаведените, Глобус профилирале и други личности и организации од областа, на кои ќе обрнат внимание во наредните броеви.
No comments:
Post a Comment