Денес од 12 часот како претставник на Фондацијата Метаморфозис ќе одржам кратко предавање на тема приватноста во Македонија во рамките на час по предметот „Професионална етика“ на Институтот за информатика при ПМФ во Скопје.
Една од целите на предавањето е да се поттикне и дискусија со студентите и проф. д-р Катерина Здравкова, која го организира настанот. Го објавувам постов за да ставам линкови до некои изданија што ќе ги споменам во предавањето, со што на учесниците би им било полесно да ги најдат.
- Извештајот на Метаморфозис за приватноста во 2009 година (нацртот на англиски)
- Двете изданија за Законот за заштита на лични податоци и Правилникот произлезен од него на ДЗЛП и ФИООМ
- Активностите на граѓанскиот сектор во врска со измените на Законот за електронски комуникации
Идејата е муабетот да продолжи и на Твитер, на хаштаг #privatnost.
No comments:
Post a Comment