Следниов оглас го видов на еден македонски сајт, сервиран преку Гугл адсенс. Ми изгледа дека некои бугарски бизниси решиле да се рекламираат кај нас, арно ама нивното непознавање на македонскиот јазик доведува до многу смешен резултат.
Огласот има наслов „’Реденка‘ до Банско“ при што првиот збор се однесува на некоја област во Бугарија каде што може да се изнајми сместување.
Можеби понесени од националистичките предрасуди за „истите народи и исти јазици“ помислиле дека напишаното на бугарски ќе биде разбирливо за говорителите на македонскиот. Иако како јазици од иста--словенска--група, македонскиот и бугарскиот имаат заеднички особини, како различни јазици имаат и - разлики.
Така, зборот „вреди“ (за Бугарите што не знаат македонски превод на англиски has value) на бугарски значи „прави штета“.
Зборот „реденка“ кој на бугарски не значи ништо, на македонски значи „сексуален однос во кој поголема група мажи еден по еден полово општат со една жена“, односно оргија во која бројот на активните сексуални партнери е многу поголем од бројот на пасивните, при што таа оргија може и да не биде доброволна (англиски gang bang).
Не верувам дека огласувачите имале намера да се рекламираат преку ова значење, иако веројатно ќе добијат многу повеќе кликови од посетителите на интернет заинтересирани за порно содржини отколку што би добиле ако најмеле преведувач и лектор по македонски.
1 comment:
"Реденка" е името на хотелот во Банско. Очигледно пиринскиот език се разликува драматички од македонскиот. Итно да пратите лектори во Банско, Разлог и така натаму.
Post a Comment