македонски на Блогерај · Наполеон во Скопје?!
English @ Razvigor · Napoleon Bonaparte in Skopje?!
Списанието на Кроација ерлајнз (што го делат во нивните авиони бесплатно) има статија за Скопје. Некои од податоците за историјата на градот во неа се прилично зачудувачки.
Статијата за Скопје, како една од дестинациите што ги покрива хрватскиот државен авиопревозник, може да се најде во есенскиот број за 2010 г. на стр. 106-116. Најголем дел од неа е посветен на Мајка Тереза и последиците од земјотресот од 1963 г. Фотките не изгледаат премногу тазе, иако во текстот се споменуваат понови градби.
Остатокот е посветен на историјата на градот, ама добив впечаток дека авторката како да ја избрифирал некој
- ...До 1453 година бил престолнина на турските султани...
- ...Низ таа немирна крстосница на трговски патишта, култури и религии, минувал и Наполеон на патот за Средниот Исток...
Сепак, најголема забелешка имам на следното тврдење од написот:
„Од минарето над Чаршијата и денес се слушаат повици на молитва, живо потсетувајќи на мултикултурното минато“.Како сегашноста да не ни е мултикултурна, или да нема џамии со минариња кои функционираат и на други места низ градот.
PS
Илустрацијата во постот е направена врз основа на две дела што се во јавен домен (со истечени авторски права) и иако не сум обврзан да го наведам тоа, мислам дека е добро да кажам дека се работи за сликата на Жан-Антоан Грос „Наполеон Бонапарта, првиот конзул, врши смотра на трупите по битката кај Маренго“, настан кој се случил во 1800 година па сметав дека таа претстава би била блиска на времето кога војсководецот наводно поминал низ Скопје. Позадината е направена врз основа на стара фотографија.
1 comment:
This was a lovely blog posst
Post a Comment