Пред некоја недела ме зачуди веста дека е запрена бесплатната мамографија (Дневник, 8.1.2011 г., мои болдови во цитатот):
Нема веќе бесплатни мамографски прегледи на дојки, иако ракот на дојката е првата причина за смртност кај женската популација во земјата. Од оваа злокобна болест годишно се разболуваат најмалку по 900 жени, а умираат околу 400 кои не ја откриле болеста навреме. Ракот на дојката се открива со рендгенско снимање на дојки (мамографија) кај постарите од 40 години, а токму овој и ехо-прегледот беа бесплатни за пациентките на оваа возраст во изминатите три години.Основно за борбата со било кој вид рак, особено рак на дојка, е раното откривање.
Но, од 1 јануари годинава, Министерството за здравство ја прекина практиката да обезбедува бесплатни прегледи, со која во изминатите шест години десетпати се зголеми бројот на прегледани – од 3.500 во 2004 година на 35.000 жени што во 2009 се снимале преку превентивната програма. Од Министерството повторно ветуваат бесплатни мамографски прегледи, но дури од 1 јуни.
Веднаш по Нова година, на 3 јануари, и на скопската Клиника за радиологија почнале да ги наплаќаат снимањата на дојките.
- Непријатно се изненадив кога на шалтер ми побараа да платам 350 денари за снимањето на дојките. Не дека немав пари да го платам, но знам дека на сите ѕвона разгласија дека овие прегледи се бесплатни. Таман јас стасав на ред, на шалтерот кусо ми ја објаснија причината со зборовите: „Кампањата заврши!“. Зарем државата кампањски, а не системски се бори со ракот? И како може други кампањи и проекти непречено да продолжат, а на ова да се штеди – реагира 43-годишна скопјанка.
Ако нешто треба да направи Владата, тоа е системски да субвенционира ваков тип прегледи за сите жители на земјава. Неброени пари ќе се заштедат со тоа што тие луѓе ќе останат здрави и продуктивни.
Денес преку Пинг.мк видов напис за вршење самопреглед на дојките. Го препорачувам на сите жени.
No comments:
Post a Comment