„Приемник“ на МаксТВ со телевизор, прикажува цртан филм со Дак Доџерс додека се бира друг канал на кој се прикажува „Донт вори би хепи“ од Боби Мекферин |
Во Македонија, податоци за гледаност објавува фирмата АГБ Нилсен, која користи пиплметри, наводно во 400 домаќинства со 1300 испитаници. На сајтот не е објаснето дали и како одбраниот примерок е репрезентативен.
Во јавно достапните списоци за гледаност воопшто не фигурираат странски програми, а процентите се претставени како да се однесуваат на севкупната популација. Наспроти тоа, многу луѓе ми тврдат дека ретко гледаат домашни канали, туку претежно гледаат странски документарни или филмски програми, како НГ, Дискавери, Бумеранг или ХБО.
Дел од луѓето кои гледаат телевизија следат програма тотално независно од кабелските оператори и од приемот преку локални репетитори. Имаат поставено сателитски антени и „дримбокс“ - пиратски апарат за декодирање што се „храни“ со нови шифри преку Интернет.
- Дали ваквите корисници воопшто влегуваат во статистиките за „рејтинзи“ или се комплетно „занемарени“?
- Дали ако се добие некој список во кој има проценка дека дадена емисија ја гледале Х%, тој процент се однесува на севкупното население или на многу помал дел од него?
- Дали процентите се вадат само во однос на другите програми емитувани од домашните телевизии, без да се земе предвид бројот на гледачи на странските?
Од друга страна, во Македонија има низа „дигитални телевизии“, а и некои други „кабелски“ оператори користат дигитална технологија. Според АЕК, на крајот на 2011 МаксТВ (IP TV) имала околу 40 илјади, а БумТВ (DVBT) 50 илјади претплатници, кабелските оператори 160 илјади и плус илјада и кусур легални сателитски приемници. Оние оператери што користат дигитални технологии сигурно може прецизно да ја мерат гледаноста кај нивните корисници, бидејќи целиот процес оди преку компјутери. Без оглед што претплатниците на било кој од овие сервиси сами по себе може не се репрезентативни за целото население, тие веројатно ги претставуваат побогатите слоеви (корелација со цените), па секако сознанијата што може да се извлечат за гледаноста би биле доста корисни.
- Дали дигиталните оператори бележат кој што гледа и прават профили по корисник?
- Дали се достапни анонимизирани статистичи податоци за гледаност на каналите, програмите, емисиите што ги пренесуваат?
1 comment:
Т-хоме бележи се и тоа точно по приемник. Анонимно статистички податоци се достапни за тие провајдери на програма кои шро ги сакаат...
Post a Comment