- македонски преку Блогерај: Марвеловиот Тор на арапски - не е бог
- English: Marvel's Thor in Arabic - Not a God
Египетската новинарка и блогерка Аза Могази пренесе интересен интеркултурен факт во врска со арапскиот превод на стриповите за Тор од Марвел, врз кои била извршена религиозна цензура:
Со арапскиот превод воопшто не ни беше кажано дека тој бил еден стар нордиски бог. Арапскиот превод го претстави Тор како борец, не како бог...
Попатно, еве една дискусија од арапски форум за стрипови за Тор. Повеќето учесници се согласуваат дека стриповите за Тор не смее да се преведуваат или објавуваат на арапски затоа што признаваат пагански бог.Следниов скен од едно стрип-издание за Тор на арапски е од гореспоменатиот сајт, Arabcomics.net. Според Аза, преводот гласи: „Тор... (господарот) на громот. Легендата станува вистина.“ Стрипот бил преведен и објавен во Либан и дистрибуиран низ целиот арапски свет (22 земји во кој арапскиот е мајчин јазик).
![]() |
Арапска верзија на Марвеловиот Тор |
Моето лично искуство како дете што растеше во систем кој го нарекувавме социјализам, додека на Запад го викаа комунизам или тоталитаризам, е дека во посебениот случај на Југославија во осумдесеттите барем на стриповите за суперхероји немаше цензура. Иако системот официјално промовираше атеизам, немаше широк прогон на религиозните луѓе - всушност, „националните“ религиозни институции како Македонската православна црква и Исламската верска заедница беа дел од системот. Ниту пак овој официјален атеизам (одрекување на постоењето на сите богови) значеше цензура или менување на приказните за религиозни ликови, било пагански било монотеистички. Особено не во стриповите. Светското наследство, како и митологиите кои историски имале врска со тие простори исто така беа слободно реупотребувани од домашните автори, било да се дел од мејнстримот поддржан од државата или алтернативци. (Забелешка: Искуството на прилично либералниот југословенски комунизам беше многу различно во однос на степенот на угнетување и цензура од земјите на Варшавскиот договор).
--- Во други научнофантастични дела ---
Мотиви од нордиската, германската односно англо-саксонската митологија често се користат од американските автори на научна фантастика, поради очигледните врски на таа култура со англиската. Меѓу најинтересните вакви дела би издвоил две што ги истражуваат врските помеѓу нордиските („викиншките“) и арапските/блискоисточните култури и митологии. Плус случајно користат ист збор во насловот:
- „Јадачи на мртвите“ (неофицијален превод на Eaters of the Dead) од Мајкл Крајтон, книга која е основа за филмот „Тринаесеттиот воин“ (The 13th Warrior). Во нив се опишува контактот и соработката помеѓу викинзи и човек кој доаѓа од Багдадскиот Калифат. Филмот има некои добри сцени, но книгата е многу побогата со (псевдоисториски и историски) детали што ја прават посочна.
- „Јадачи на животот“ (The Life Eaters) - стрип-албум по сценарио на Дејвид Брин со цртеж на Скот Хамптон, заснован на приказната од новелата „Тор го среќава капетан Америка“ (Thor Meets Captain America) добитник на наградата Хуго која во бивша Југославија ја имаше објавено загребски Сириус во бројот 133 (хрв. „Tor susreće kapetana Ameriku“).
3 comments:
Одлична статија. Обожавам вакви тематики.
Инаку, во врска со цензурата во СФРЈ, ја имало и тоа поприлично. Особено на тема религија. На неколку пати до степен на прескокнување цели епизоди од стрипови затоа што имало крст на насловната или сл. Типичен пример е оваа епизода http://www.stripovi.com/recenzije/zagor-zg-lex-93-95-zagor-protiv-vampira/120/
Фала за информацијата. Би сакал да спремам еден пост и на таа тема, цензурата на стрипови во бивша Југославија, па сите други примери ќе бидат добредојдени.
Јас знам за епизодата 10 од Алан Форд, „Формули“, која не е објавена своевремено поради ликот на руски шпијун што наводно личел на Тито, па е конечно пуштена 1990 година.
Ако помага, повели
http://brians-doghouse.blogspot.com/2012/09/of-mice-and-men.html
Не е за во СФРЈ целосно, но е слична тематика :)
Post a Comment