Блекаут

05 September 2012

НБА во Микијев забавник, 1982 година

Во „Микијев забавник“ број 399, објавен на 21.V.1982 г., во рубриката за прашања од читателите НБА е претставена како студентска аматерска лига.

Насловната страница од „Микијев забавник“ бр. 399, 21.05.1982.
Кликнете на сликите за поголеми верзии.
Во бивша Југославија, поголем дел од стрип-изданијата наменети за деца беа доста интерактивни (интересно е како денешниот интернет во голема мерка ги одразува потребите кои ги задоволуваа). Во скоро сите имаше или одговори на писма од читатели, како и рубрика за наоѓање пријатели за допишување. Обично беа претставувани прилози од целата земја, со што весниците давале придонес кон развојот на општествена кохезија. Во „Микијев забавник“, издание на белградската Политика (кое беше објавувано на јазикот кој тогаш се нарекуваше српско-хрватски на кирилица и латиница, како и на словенечки) прашањата од читателите беа поделени на подрубрики Мали тајни, Музика и Спорт на 2 страница, а потоа на цела 23 стр. има и слична рубрика „Стајино свезнање“ со прашања од науката („Зашто камилата пие толку малку вода?“).

    На којој кошаркашкој утакмици је постигнут рекордан број погодака и колико он износи?      - Рајко Рудолф, Литија      Кошарка спада међу најпопуларније и најбрже игре лоптом. У сусрету добро уиграних тимова лопта великом брзином прелази из руке у руку и тада се, у скоро сваком нападу, обично постиже и погодак. Рекордни број постигнутих кошева на једној утакмици догодио се у одлучујућем сусрету студентског првенства САД, које окупља најбоље аматерске кошаркаше (sic), а састали су се „Келтикс“ и „Лејкерс“.      Гесло на овој утакмици било је: дати противнику што више кошева. Играчи су пружили максимум јер су знали да ће победник овог сусрета бити и првак. Када је оглашен крај сусрета, на семафору се број постигнутих бодова попео до невероватне цифре од 340 кошева (sic). Овај резултат претставља светски рекорд по постигнутом броју кошева. Победио је „Келтикс“ са 178 кошева према 162, колико су постигли њихови противници.
Стр. 2 и 3 од Забавникот, со рубриката за прашања и одговори.

Во делот „Спорт“ е поместено прашањето од читател од Словенија, во превод на македонски:
На кој кошаркашки натпревар е постигнат рекорден број погодоци и колку изнесувал?
- Рајко Рудолф, Литија

Кошарката е меѓу најпопуларните и најбрзите игри со топка. При средби на добро разиграни тимови топката со голема брзина преминува од рака в рака и тогаш, при скоро секој напад, обично се постигнуваат погодоци. Рекорден број постигнати кошови на еден натпревар се случил во решавачката средба на студентското првенство на САД, на кое се собираат најдобрите аматерски кошаркари (sic), кога учествувале „Келтикс“ (sic) и „Лејкерс“.
Мотото на овој натпревар бил: на противникот да му се дадат што повеќе кошови. Играчите го дале својот максимум оти знаеле дкеа победникот на средбата ќе биде и првак. Кога бил огласен крајот на средбата, на семафорот вкупниот број постигнати бодови дошол до неверојатните 340 кошови (sic). Овој резултат претставува светски рекорд по постигнатиот број кошови. Победиле „Келтикс“ со 178 спрема 162 кошеви, кои ги постигнале нивните противници.
Интересно е да се проверат фактите во врска со овој напис (за што нè лажеле комунистите - како што пародираа на К-15):
  • Не е наведено кога и каде се случил рекордерскиот натпревар. Можеби на редакцијата на „Микијев“ податокот им е од тогашно издание на Гинисова книга на рекорди. Не успеав да најдам на нет нешто повеќе за неа. Можеби колегите од Мак НБА или Оф-сајд може да посочат извори?
  • НБА не е и не била аматерска студентска лига, туку професионална.
  • Пишува дека на натпреварот наводно биле постигнати 340 (178 + 162) кошови (анг. field goals), ама изгледа дека се мисли на поени (анг. points)? Еден кош може да донесе 1, 2 или 3 поени.

2 comments:

Xfinance said...

Great blog, thanks for posting this.

Xfinance said...

Thanks greatt post