Блекаут

25 May 2006

Немојте да останете покусо, ставете фотографија на блогот

Уште кога првиот, вториот и третиот пат ги препорачував советите на Јакоб Нилсен за блогери (Weblog Usability: The Top Ten Design Mistakes), се бев решил да ги применувам постепено. Ама, пуст немукает.

За најлесниот од нив, блогерот да стави фотографија на блогот, требаше да видам дека Анти го применил, па да одвојам цели 3-4 минутки да ја кропувам фотката од Стамбл апон и да ја закачам од десно. Денес гледам и Офчарот постапил соодветно. :-)

No comments: