Блекаут

18 November 2007

Ти нам нова технологија, ние тебе сексуална робинка

Новата реклама за сокови од Вива се пренесува и порака која е сосем во согласност со тековните случувања кај нас (Младите сè повеќе се впуштаат во проституција, а сексуалните работнички се меѓу најдискриминираните општествени групи):

Сиромаштијата и неможноста на родителите да ги задоволат потребите на своите деца е основната причина за проституција помеѓу младите.

Адолесцентите на возраст од 13 до 25 години прво даваат сексуални услуги за подарок, а не ретко стануваат жртви во ланецот со трговија на луѓе.

Во рекламата, група Индијанци доаѓаат во „каубојски“ град и на шерифот (маж на педесетина години, со побелена коса) прво му нудат 50 коњи, а потоа и една млада девојка за да им ја каже „тајната на напивката“. Девојката со чие тело се тргува е згодна и заводлива и на крај сите се среќни.

Во сабота вечерта на Телма го даваа филмот „Малиот голем човек“, со Дастин Хофман во главната улога, токму на тема геноцидот врз последните слободни индијански племиња - малку поинаква слика од идиличната реклама. Ептен препорачлив! До душа, преводот беше толку лош, што цело време одвлекуваше внимание од содржината со апсурдноста на грешките.

И во реалниот живот имало „напивка“ за навлекување на Индијанците, но не било сокче, туку алкохол. Алкохолот на многумина од луѓето чиј начин на живот бил уништен заедно со голем дел од роднините, а во наредните неколку генерации биле затворени во своевидни концентрациони логори (резервати) им претставувал утеха и причина за побрзо лично уништување...

3 comments:

Anonymous said...

На слична тема, кажи некој производител на коли кој во рекламите пренесува порака за безбедно возење?

Новиот БМВ - „убавец и ѕвер“.

Anonymous said...

@ развигор: добра забелешка за рекламата.

@ томе: на колку автопати во светов има дозвола да се вози 250 km/h

и во колку земји се тие?

Unknown said...

Филип, од една страна, во право си.. Од друга страна, живееме во толку политички коректно општество, што едноставно, станува дури очајно колку се сите фини, и во интерес на ПК, светот е толку затупавен..

Читаше на Диг за школото што откажало претстава пошто се викала Three Little Indians? А зашто? Затоа што оргиналната приказна на Агата Кристи се викала Тhree Little Niggers.