Блекаут

09 December 2007

Истражувачки приоритети за Балканот

Учествував во анкетата на проектот СКОР за истражувачки приоритети за Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија. Доколку ве интересира наука и развој, учествувајте и вие, со неа потоа се даваат совети кај да се трошат парите на ЕУ на тие теми за нашиот регион.

Потоа малку се замислив, ама не можев да додадам - тестирањето не е за пишман-аџии. Имено, голем дел од проблемите на Балканот доаѓаат од „неразрешени“ историски прашања, кои се всушност неразрешливи со денешниве технологии. Повеќето од нив се однесуваат на идентитетот на личности и групи кои живееле на овие простори и денес се користат во меѓунационалистичките расправии како „историски“ „аргументи“ за последователно крвопролевање. При тоа, доаѓа до „својатање“ (срп.) односно „присвојување“ на видни личности. Примери:
  1. Александар III Велики - Грк, Македонец, Албанец...
  2. Крале Марко - Србин, Македонец, Бугарин
  3. Ѓерѓ Кастриоти Скендербег - Албанец, Македонец, Црногорец, Србин...
  4. Браќата Миладинови - Македонци, Бугари
  5. Григор Прличев - Македонец, Бугарин, па дури и Грк (наградените поеми ги пишувал на грчки)
  6. Милтон Манаки - Влав, Грк...
  7. Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза - Албанка, Влаинка... итн.
Прв приоритет за разрешување на прашањето на идентитетот на овие и сличните прашања би било инвестирање во следните технологии
  • времеплов - да се донесат „дотичните“ и лично да се прашаат во која етничка група ексклузивно би припаѓале сега, за која партија би гласале и сл.
  • масовно генетско тестирање - низ светот има низа проекти кои со земање малку ДНК овозможуваат точно определување на „семејното стебло“ од себе до митохондриската Ева или епсилон-хромозомскиот Адам. Цената им е околу 100 евра по тест. Така, за Македонија би требале едно 200 милиони евра. Со мало делче од таа сума може да се изгради локален генетски институт кој со многу помали трошоци би го опслужувал целиот регионален пазар. Па да видиме колку сме навистина различни.

1 comment:

Anonymous said...

Задачата е частично некоректно представена, затова защото "българин" и "македонец" се припокриват.