Насловната страница од „Микијев забавник“ бр. 399, 21.05.1982. Кликнете на сликите за поголеми верзии. |
Стр. 2 и 3 од Забавникот, со рубриката за прашања и одговори. |
Во делот „Спорт“ е поместено прашањето од читател од Словенија, во превод на македонски:
На кој кошаркашки натпревар е постигнат рекорден број погодоци и колку изнесувал?Интересно е да се проверат фактите во врска со овој напис (за што нè лажеле комунистите - како што пародираа на К-15):
- Рајко Рудолф, Литија
Кошарката е меѓу најпопуларните и најбрзите игри со топка. При средби на добро разиграни тимови топката со голема брзина преминува од рака в рака и тогаш, при скоро секој напад, обично се постигнуваат погодоци. Рекорден број постигнати кошови на еден натпревар се случил во решавачката средба на студентското првенство на САД, на кое се собираат најдобрите аматерски кошаркари (sic), кога учествувале „Келтикс“ (sic) и „Лејкерс“.
Мотото на овој натпревар бил: на противникот да му се дадат што повеќе кошови. Играчите го дале својот максимум оти знаеле дкеа победникот на средбата ќе биде и првак. Кога бил огласен крајот на средбата, на семафорот вкупниот број постигнати бодови дошол до неверојатните 340 кошови (sic). Овој резултат претставува светски рекорд по постигнатиот број кошови. Победиле „Келтикс“ со 178 спрема 162 кошеви, кои ги постигнале нивните противници.
- Не е наведено кога и каде се случил рекордерскиот натпревар. Можеби на редакцијата на „Микијев“ податокот им е од тогашно издание на Гинисова книга на рекорди. Не успеав да најдам на нет нешто повеќе за неа. Можеби колегите од Мак НБА или Оф-сајд може да посочат извори?
- НБА не е и не била аматерска студентска лига, туку професионална.
- Пишува дека на натпреварот наводно биле постигнати 340 (178 + 162) кошови (анг. field goals), ама изгледа дека се мисли на поени (анг. points)? Еден кош може да донесе 1, 2 или 3 поени.
2 comments:
Great blog, thanks for posting this.
Thanks greatt post
Post a Comment