Блекаут

24 May 2006

Пиратството не е само софтверско

Повикувајќи се на последното истражување на БСА (Business Software Alliance) „Глобална пиратерија во 2005“, Метаморфозис известува дека 70% од софтверот во Македонија 2005 година е нелегален.
Загубите поради користење на нелегалниот софтвер во нашата земја се проценуваат на околу 9 милиони долари.
Сепак се забележува тренд на благо опаѓање на користењето на нелегален софтвер во Македонија, споредено со 2004 г. кога стапката на користење пиратски софтвер изнесувала 72%.
Овие бројки се однесуваат на пиратски софтвер, за чии шиткачи сеуште не сметам дека се просветители.

Мислам дека при проценките на пиратството во земјава треба да се земат предвид и активностите на оние што се платени да бидат просветители - просветните и научните работници. Постепено кај мене созрева ставот дека токму плагијатот е најлоша форма на пиратство.

Според разновидни вести, испаѓа дека токму од плагијатори врие во нашиот академски естаблишмент: од луѓе што се здобиваат со титули, до учебникари кои препишуваат учебници, прават „скрипти“ итн. Има ли некој академски совет на честа што го евидентира ова?

No comments: