Блекаут

02 April 2007

У триста... Требало да кажат дека е македонска народна!

300 soundtrackТрендо повел акција за демаскирање на авторот на музиката на филмот „300“, кој ја искористил песната „Зајди, зајди јасно Сонце“ без да наведе дека се работи за македонска народна песна.

Во овој случај не се работи за нарушување на авторски права, оти мелодијата е јавна сопственост (public domain), но се работи за прилика за промоција на македонското културно наследство во светот, како и промоција на практиката да се наведе изворот на инспирација, а не да се присвојува колонијалистички.

Може да помогнете со тоа што ќе го проширите гласот, на пример со ширење на линкот за веста на англиски јазик (300 the Movie Fails to Attribute Use of Macedonian Folk Song in Soundtrack), особено ако гласате преку Диг или ја промовирате преку Стамбл апон. Веќе имам објаснето како одат тие работи...

2 comments:

Arheoblog said...

done!

Археолошки дневник vol.1

Георги Василев said...

Ако сурфаш по македонскиве сајтови и отидеш на 365.com.mk, убаво ќе прочиташ од датумот дека форумот на 365 оваа вест ја имаше една недела пред објавувањето од страна на Трендо.

Веста дури беше и објавена во „Шпиц“, за да по неколку часа биде објавена и од Он.нет, односно од 365.

http://www.365.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1383&Itemid=2