- Песната не е народна - за тоа не бев во право. Испадна дека е авторско дело на Александар Сариевски, па не се работи за приватизација на светското културно богатство, туку за нарушување на индивидуалните авторски права. Инаку, на албумот од Тоше, кој исто ја исполнува „Зајди зајди“, пишува по пропис дека е авторско дело на Сариевски.
- Стојам на ставот дека било кој автор треба да наведе од кај „се инспирирал“, случајно да не се приватизираат и народни песни.
- Трендо не бил првиот кој свртел внимание на прашањево. Информацијата прво се појавила на 365, па во Шпиц, па на Он.нет - и тоа со mp3, не само со прераскажување. Но лидерската улога на Трендо не треба да се занемари оти токму тој ги мобилизира масите и покрена акција за граѓанско учество за искажување на незадоволството. Јас сум нередовен читател на македонските „забавни портали“ и не бев во тек со тоа „кој прв почна“.
- Филмот го гледав, се продава по Скопје на ДВД за од 70 (пред ГТЦ, страната кај Југодрво) до 100 денари (ТЦ Буњаковец). Слично како и со „Син сити“, духот и визуелниот дизајн на стрипот е пренесен во целина - од аспект на технолошко постигнување го препорачувам. Приказната и пораките се генерализирани во насока на консензусот кој подолго време постои во западниот дискурс („Грција, колевка на демократијата и рационалната западна цивилизација“) и не го помага промовирањето на посебен македонски идентитет. Не се навлегува во детаљи, на пример дека грчките борци за „слобода“ биле истовремено и буквални робовладетели, за што може да се најде аналогија и кај војната за независност на САД. (Вуна оди и чекор подалеку: „300“ е нацистичка пропаганда)
- Како и политиката што ни го донесе „проблемот со името“, и проблемите со авторските права произлегуваат од тоа што „Моќните го прават она што можат, а слабите она што мораат“ (Тукидид). Тековниот репресивен глобален систем за авторски права го креираат корпорациите, државните администрации и други ентитети кои ако граѓаните не ги натераат да го променат, никогаш нема да го сторат тоа.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
10 April 2007
Триста чуда: рекапитулација за аферата со „Зајди зајди“
Неколку исправки и сознанија во врска со аферата за музиката во филмот „300“ и песната „Зајди зајди, јасно сонце“.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
1 comment:
информацијата прво се појави на блоговите на Робот Вампир и ТВ-сет он блу.
Post a Comment