Блекаут

03 March 2008

Операција Арка

Марти Мистерија Операција аркаАко сте читале Марти Мистерија на времето, особено третата епизода „Операција Арка“ (кога ја посетуваат планината Арарат, сосе Ерменците и Курдите) веста за новата банка на семиња во норвешкиот Арктик ќе ви изгледа познато.

Ако ги следите работите во врска со климатските промени, ваквиот развој на настани би ви бил и очекуван, во комбинација со учеството и на ООН и ЕУ. Учествуваат и некои од најразвиените земји на светот - но своја „заштеда“ даваат и земјите во развој. А овој типов е апсолутен цар:

Џими Олсен, работникот кој работеше на изградбата на магацинот за семе, седеше надвор пред објектот со автоматско оружје обесено на рамото. „Моја работа е да ги отстранам луѓето кои не треба да бидат тука и да го заштитам од поларни мечки“, рече тој. Се проценува дека на архипелагот има 3.000 поларни мечки.

За домашна: Дали и како Македонија е вклучена во проектов? Како се чуваат нашите семиња?

1 comment:

Tome said...

Џими Олсен, на Супермен фотографот? :) Башка нели и Супермен си го имаше изградено пребивалиштето таму некаде на север ;).