Блекаут

21 March 2008

Најстариот, ама од најмладите (балканци)

Како и обично, во веста за откривање праисториски човечки скелет во Грнчарица, се провлекува опасен пристап кој ја нарушува нашата објективност, а ја храни македонската суета. Клучните делови ги означив со болд:
Човечки скелет што датира 7,000 години пред новата ера открија денеска македонските археолози, кои претпоставуваат дека станува збор за најстариот неолитски жител на Балканот.

Скелетот е откриен на археолошкиот локалитет Грнчарица, кај штипското село Крупиште.

„Ако се земе во предвид дека населбата е една од најстарите на Балканот и ова е погребување во една најстара населба, најнормално дека тоа е најстариот човек на овој простор", изјави археологот Трајанка Јовчевска.
Неолит = младо камено доба, односно најблискиот до нас период од предисторијата. На Балканот луѓе живееле стотици илјади години пред овој жител, од пралуѓето од Петралона, Грција, до последните неандерталци од Крапина, Хрватска.

2 comments:

GoodBytes said...

In front of cooperation ни е стилов на фалење. :-)

GoodBytes said...

Ете, Дневник ја исправа небулозната „наука“ на археологот Трајанка Јовчевска.