Блекаут

28 March 2008

Македонска ГНУ/Линукс планета - еден предлог

Македонска ГНУ/Линукс планета е еден од најдобрите агрегатори во земјава, не само затоа што и немаме многу агрегатори, туку затоа што нејзините членови најчесто блогираат аргументирано и со голем жар.

При денешниот преглед забележав дека Планета не го прикажува вметнатото видео од Ју тјуб кое постои во оригиналниот пост на Би за „Жена и куќа“. Би за среќа има експлицитно наведено и линк до оригиналната страница на видеото. Во други случаи, ако членовите на Планета вметнуваат видеа, треба да го сторат истото, што може и да го пропуштат. (Јас на пример, кога вметнувам видеа веќе и не чувствувам потреба да додадам линк, мислам дека кодот за ембединг е доволен.)

Ако уредувачка политика на агрегаторот е да го игнорира кодот со флеш во него (не навлегувам во оправданоста), тогаш би било добро автоматски да се вметнува ознака дека „овде има видео, но за да го видите кликнете на пермалинкот до оригиналиот пост“ или така нешто.

1 comment:

Дамјан said...

Всушност, проблемот не е до планета софтверот (http://www.planetplanet.org/) туку atom feed-от од блогот на Би не го вклучува Flash објектот.

Што може да се види ако се отвори директно во browser http://blogot.blog.com.mk/blog/655/feed