Блекаут

15 March 2008

Македонија ја брани Европа од расна хомогенизација на историјата

Во текстот „Македонија мора да ја одбрани Европа“ (Macedonia must defend Europe) Марко Хоаре укажува на еден исклучително важен аспект на спорот со името:

Сваќам дека за ментално здрава личност може да биде тешко да разбере што се случува тука: замислете Англичаните да започнат борба со Велшаните за тоа дали Будика била ’англиска‘ или ’велшка’, или со Французите за тоа дали Ричард Лавовско Срце бил ’англиски‘ или ’француски‘. Замислете Французите да се закачат со Германците за тоа дали Карло Велики бил ’француски‘ или ’германски‘. Ниедна зрела, демократска нација не би презела вакво нешто. Од друга страна во 21 век очигледно е возможно проширувањето на НАТО и стабилноста на Балканот да биде загрозена од такво прашање. Всушност, импликациите се уште поопасни: ако Словени не смеат да го користат наследството на Александар Велики, дали граѓаните на Велика Британија со потекло од Западноиндиските острови или Азија смеат да го споделат наследството на Будика или Ричард Лавовоско Срце? Дали на германските Евреи им е дозволено да го споделуваат наследството на Фредерик Барбароса, или италијанските Евреи наследството на Јулиј Цезар? Ако дозволиме Грција да наметне расна хомогенизација античката историја, што ќе остане од западните вредности?

Потсетувам на два мои текста на темава, погодни за препраќање до пријатели од странство:

5 comments:

komitata said...

Развигор, наистина е чудно как цяла Македония повтаря в един глас - "при нас няма проблем, гърците са виновни, при нас няма проблем, гърците са виновни"

Вероятно не е много приятно да слушаж унизителните съобщения, които идват от Атина, но все пак, никой ли не мисли че има проблем и вътре в Македония?

Ето, Жарко Траяноски написа няколко много добри колумни по темата. Коя е първата македонска държава? Има ли конфликт между национален и етнички македонски идентитет? Какво всъщност представлява античкото наследство на древните македонци днес? Какви са македонските национални и етно символи?

Все някой друг ви е виновен. Айде преименувай сега Финландия. Колко смешно .

Anonymous said...

KOMITATA- OCIGLEDNO IMAS PROBLEM SO MAKEDONIJA,A KADE GO GLEDAS BATKAVA PROBLEMOT KAJ NAS NAVISTINA NEZNAM,KOMITA-NIE NE SE POBUNIVME KOGA GRCIVE NIVNIOT SEVEREN DEL GO NAREKOA MAKEDONIJA,JASNO TI E,VSUSNOST STO PA TI SE JAVUVAS STO PA TEBE TE INTERESIRA PROBLEMOT MEGJU GRCIJA I MAKEDONIJA,A???????????

GoodBytes said...

Развигор: Интересен текст. Ќе го цитирам истово парче на Say: Macedonia, се надевам немаш против. :-)

Комита: Иако не верувам дека ќе се сложиш со мене, но сепак морам да ти одговорам дека Грците навистина се виновни. Проблемот со името е генериран и оркестриран од нив и само од нив, додека Македонија е принудена да прави отстапки, да трпи штети и да не добива ништо за возврат (што фактички е класично дипломатско силување - "arguments of force", наместо "force of arguments"). Сите нормални луѓе кои не живеат на Балкан и немаат некој свој „аспект“ на проблемот се согласуваат со нас дека спорот за името е ирационален.

Модерните Македонци никогаш не тврделе дека имаат чист антички ген. Тоа се тези кои се слушаат малку појужно од нас. Впрочем, не е ничија работа како еден човек се чувствува себеси, Хелен, Македонец, Бугарин или Марсовец, а уште помалку од тоа треба да се прави толку голема работа или да се бараат некакви „докази“. Објаснувањето е дека има нешто друго во Грција ЗАД проблемот со името, а тоа е нивната внатрешна хистерија генерирана од нерасчистените сопствени историски факти.

Gordan said...

Odlichen post!

комитата said...

Казах ли нещо за проблемите при гърците? Проблеми има и при гърците, разбира се.

Но да твърдите че при вас няма проблем и всичко е бяло, чисто и идеално, помислете пак.