Блекаут

19 March 2008

„Пружете му задоволство на шефот!!!“

Гонце Јаковлевска, уредничката на Граѓански свет, во текстот „Пружете му задоволство на шефот!!!“ (бр. 79, 02.2008), пишува:

Деновиве, на телевизиските програми се појави нова реклама, за ново кафе. Претпоставувам веќе сте ја виделе. Секретарката се лизга по маса на стомак и се запира пред шефот со чаша од тоа, новото кафе во рака? Не знам какви чувства ви буди вам, ама јас по првото гледање морав да си ја потприберам вилицата од чудење, згрозување, неверување... како може некому да му падне нешто вакво на памет? Како можеше никому да не му падне на памет да реагира на рекламава?

Рекламните агенции главно ја користат жената, односно нејзиниот физички изглед за да ја зголемат продажбата на продуктите на нивните клиенти. Сакајќи или несакајќи тие ги портретираат нејзините стереотипни улоги во општеството. Па, постереотипно од ова, здравје! Кои се пораките на рекламава? Жената е едвам способна да биде и секретарка, ни кафето не може без проблеми да го донесе во собата за состаноци (во рекламата таа паѓа носејќи го кафето). Затоа, драги мои дами, не бранувајте и не претендирајте на повисоки позиции!!! Па погледнете ви се молам кој седи на фамозната маса за состаноци: само мажи! Природно зарем не?! А што значи тоа што секретарката е во лежечка положба... Боже драги, зарем тоа не е премногу?

Е токму затоа се бунам за вакви злоупотреби на реклами и пропаганда.

1 comment:

Anonymous said...

Boo hoo hoo, cry me a river.

Повторно завлегуваме во оној момент на затупено, 1984-лајк, политички коректно општество.

Треба да се надминат овие потреби за сензитивитет.. Едноставно, да се соочиме со (и да ја прифатиме) реалноста дека сексот продава, без разлика во која конотација..

Во Грција се врти реклама за Даеву Матиз на телевизија - http://www.youtube.com/watch?v=PjhUeALmiVo
- и знаеш што? Сакам матиз бе.

Глупости, вакви квази-политички-коректни обиди покажуваат дека општеството си дозволува самото на себеси да затупи.