Блекаут

30 September 2008

Морбидна покана

Пред малку отворив Фејсбук после мала пауза и гледам ми стигнала препорака да се поврзам со некого. Љубопитен кликам на линкот, кога што ќе видам - ми предлагаат да се здружам со мртвиот Тоше Проески.

(Кликнете на сликата за поголема верзија.)

Можеби авторот на овој лажен профил имал најдобри намери, но како што вели старата поговорка: „патот кон Пеколот е поплочен со добри намери“. Како што препорачаа од Дирекцијата за заштита на лични податоци:
Креирањето на лажни профили на порталите за социјална интеракција не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и со основните принципи за заштита на личните податоци.
Дополнително, ова ми е многу невкусно, споредливо на појавата декларирани обожаватели на Тоше да се најголеми душмани на авторските права кои ги покриваат неговите дела - оти ги споделуваат без дозвола.

Ако некој веќе сака да укаже почест на почината личност преку создавање содржини на интернет, најдобро би било да отвори обожавателски (фан) веб-сајт или група на социјална мрежа, а не постхумен профил. Од смртта на Тоше не е помината ни година дена, и не верувам дека било кој со здрав разум би го зел неговото име и презиме како прекар или уметничко име.

2 comments:

Загрижен за стрмоглаво-влошувачкото ментално здравје на Македонија said...

Од каде знаеш дека е лажен профил? Нели господ го зема Тоше на небото и он уште е жив и му пее на бога? А што, мислиш на небото нема интернет? Па дури и да Е лажен, не е ништо поинаков од патетичното лигавење (читај: Некрофилија) што го зафати (речиси) цел народ.

Мене лично ми е поголема мака од горенаведената патетика, отколку од креирање на лажни профили.

Anonymous said...

Драги мој пријателе Развигор, мислам дека кометарот ти ја дава реалната слика за пристапот кон оваа проблематика...позз Вичле...