Блекаут

19 September 2008

Со онлајн видео против корупцијата

Со цел да ја помогнат борбата против корупција, а за зголемување на транспарентноста и отчетноста на власта, блоговите Комуникации и Панта реи ги пренесуваат видео-клиповите со кои оштетени граѓани се жалат на урбаната мафија во општина Центар.

Во клиповите објавени на Ју тјуб се поместени снимени разговори со општинските функционери и службеници за кои се тврди дека не ја завршиле својата работа при рушење на дивоградби, оштетувајќи ги граѓаните. За овој аспект на аферата „Платина“ првобитно извести весникот Нова Македонија, а клиповите ги има пренесено и Таратур.

7 comments:

Anonymous said...

Сите вмешани играчи во оваа а и во други градежни афери се: Рокан Атанасоски, Рената Посавац, гр. инсп. Милан Пижула, Ратка Марковиќ, Билјана Минова, Виолета Аларова, Апостол Мандичевски, Жаклина Ангеловска, Роза Митревска, луѓе од МВР, мин. за транспорт и врски, СУД, полициска станица “БЕКО“, мин. за правда, нотар Ленка Мицајкова, Д.С. ГАЛАБ ДООЕЛ - Даниел Галапчев,теренски играчи: Сашо Србиноски, Дејан Велевски, Александар Најдовски, Горанчо Србиноски, Ангел Илиев, Донка Стојчева, Тони Николов, Томе Вељановски, Marylin S. Zelin, Ѓоко Поптрајков, Бранка Стојановска - дир. на шекерана во Битола, Мими Ѓорговска - дир. на мак.филм, Миле Ѓошевски, Зоран Ѓошев, Ивана Поповска и други.
Како функционира градежната мафија! Откако ке се најде жртва за градење инвеститорот склучува пред договори со наведените теренски играчи кои служат како заштита а паралелно инвеститорот склучува пред договори со обични граѓани кои сакаат да си купат стан. Теренските играчи воопшто не се појавуваат на објектот што се гради така да обичните луѓе не можат да дознаат дека становите имаат дупли договори.Откако ке се пушти муабет дека инвеститорот заглавува или веке заглавил финансиски, теренските играчи шират афера меѓу обичните купувачи дека зградата е дивоградба и треба да се руши и дека инвеститорот има уште една зграда за градење ( во почетна фаза) и дека истата е легална со дозвола за градење ( се покажува документ од општина центар за платени комуналии со печат и потпис на Ратка Марковиќ). Обичните луѓе го бараат инвеститорот и го приморуваат да ги раскинат склучените договори за првата зграда и да склучат нови за втората зграда (наводно легална). Инвеститорот “божем“ се противи но сепак им ги раскинува првите договори и им склучува нови. По изведената игра инвеститорите “наводно“ бегаат од земјава “во непознат правец“ и тогаш настапуваат играчите од општина центар. Пуштаат во медиум дека “легалната зграда“ е всушност нелегална и дека покажаниот документ за платени комуналии е фалсификат. По некое време излага општина и ја урива “легалната зграда“ (тоа е зградата на ул. Роза Луксембург бр. 10 Скопје, урната на 29 Мај 2007). Со тој чин сите обични луѓе остануваат со кратки ракави а теренските играчи си остануваат со првичните договори и бараат општина центар да ја легализира дивоградбата. Наводно општина центар се двоуми,... и решава да се легализира градбата ( тоа е дивоградбата на ул. Васил Стефановски бр. 28 и 26 Скопје). Сопствениците се согласуваат да се продолзи со градбата и легализирањето но наеднаш теренските играчи и лакомиот комшија Зоран Ѓошев прават дубара. На Зоран му прават да доземе уште некој квадрат + а на едните сопственици им прават дубара дека, цитирам: вие имате 4 стана па ке мораме едниот да ви го земеме бидејки за него веке има склучено договор со оштетен граѓанин ( иако инвеститорот склучил договор за ист стан една година после договорот со сопствениците). Сопствениците нормално не се согласуваат со такво нешто и не им потпишале за продолжување на градбата. Во небрано се наоѓаат општина центар и теренските играчи и решаваат насилно да настапат надевајки се дека сопствениците кога тогаш ке попуштат. Во една прилика 5 луѓе го претепуваат едниот од сопствениците а со тоа заплашувајки ги преостанатите сопственици. Другите 4 сопственици веднаш после претепувањето им потпишуваат на играчите и тоа замислите,.. им потпишале дека на сопствен трошок ке им направат станови и ке им ги предадат во владение (пусти страв). Остануваат двајца сопственици кои ја продолжуваат битката. Сопстеникот пријавува во полициска станица “БЕКО“ и иако на службен разговор повиканите лица го признаваат делото ништо не е влезено во записник. Претепаниот сопственик преку свои врски прави притисок да се открие тоа во МВР - “Внатрешна контрола“. Внатрешна контрола открива дека таков записник на тој ден воопшто не постои па изигруваат дека “наводно“ траела процедура па после два месеци од физичкиот напад полициска ст. “БЕКО“ повела прекршочна пријава против сторителите. Сопственикот проверува во суд 1 - Парк и иако бара написмено судот да му одговори дали постои таков предмет судот тоа не го прави, туку го повикува сопственикот да изврши увид во компјутерот. “БЕКО“ поднела прекршочна пријава против лицата Дејан Велевски и Сашо Србиноски + 3 непознати лица но предметот е кај судија Милица Симоновска која е нормално во пензија. Така лутајки по судови и жалби поминаа две години, предметот не е доделен на друг судија и случајот застарува. “БЕКО“ не му дава никакви записници на сопственикот за да може приватно да ги гони. Во меѓувреме теренските играчи поставуваат агенција за обезбедување на објектот со цел да не им се дозволи никаков пристап на сопствениците. И покрај дополнителните физички малтретирања и пријави до “БЕКО“ полицијата воопшто не реагира дури напротив, им прави притисок на сопствениците да се согласат со играчите и да се заврши работата.
Сопствениците сеуште не можат да влезат во објектот, Аларова си отиде,останува ВМРО ДПМНЕ да ја контролира општина центар и тоа. БОРБАТА СЕУШТЕ ПРОДОЛЖУВА И КЕ ТРАЕ СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ РАСВЕТЛИ ОВАА АФЕРА.

Anonymous said...

ДО: МИНИСТЕРСТВО
ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
МИНИСТЕР ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА

20.02.2008 год.


НАЈАВА ЗА ПРОТЕСТ
ПРЕД
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Од сопственици на имот 11170 К.О. Центар 1 Ул.“ Васил Стефановски“ бр. 28 Скопје


ПОЧИТУВАН МИНИСТЕР Гордана Јанкуловска,
Разочарани од неажурноста на нашата Полиција се решивме на ваков чекор со цел да ја запознаеме јавноста со нашиот проблем, кои проблем единствено Полицијата може да го реши. Се обративме до сите можни институции во земјава надлежни за нашиот проблем, но без никакви резултати. Од сите институции ни говорат дека е прекршен законот и дека некој ќе треба дебело кривично да одговара за тоа. Кривичното дело од 15.12.2007 год. сеуште се извршува, а ниедна надлежна институција не превземала никаков чекор во спречување на истата. До Јавното Обвинителство поднесовме кривични пријави кои пријави се препратени до СВР оддел Економски криминал за расветлување на случајот, но предметот сеуште не е активиран, а ние како сопственици на имот трпиме ненадоместливи штети. Под закани по нашите животи живееме веке година дена и веке сме на работ со нервите, па решивме ние да ја превземеме работата во свои раце и на своја одговорност.
НА 29.02.2008 год. НАЈАВУВАМЕ ПРОТЕСТ ПРЕД КАПИЈАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ. ПРОТЕСТОТ ЌЕ СЕ ИЗРАЗИ СО НАШЕ ВРЗУВАЊЕ СО СИНЏИРИ ЗА ВЛЕЗНАТА КАПИЈАТА ВО ЛЕГНАТА ПОЗИЦИЈА СО ШТО ЌЕ СЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕКУ НАШИТЕ ТЕЛА ИСТО КАКО ДА НЕ ПОСТОИМЕ. ПРОТЕСТОТ ПРВИОТ ДЕН ЌЕ БИДЕ ВО ТРАЕЊЕ ОД 2 ЧАСА, СО ПОЧЕТОК ОД 08:00часот ДО 10:00часот.

Оваа најава за протест ке биде испратена до медиумите и до Владата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА со цел и за нивно информирање околу овој настан.



Подносител


______________________________

Vakvi podnesoci imaa preku 60 no dzabe. Edinstveno dva dena pred da se odrzi protestot MVR go povika sopstvenikot na informativen razgovor i tolku. Duri na sopstvenikot mu ponudija MVR da im dade sindziri ako nemaat sopstvenicite.

Anonymous said...

До Општина Центар
Инспектор Пижула Милан

25.12.2007 год.
П Р И Ј А В А


Ние и сопственици на
парцела бр. 11170 К.О. Центар 1 што се наоѓа на ул.Васил Стeфановски бр.28 пријавуваме дека на бесправно изградениот објект кој се наоѓа на нашиот имот, безправно и без наша согласност, знаење и одобрување, извесно здружение на оштетени граѓани во согласност со сопствениците од соседната парцела отпочнале со безправна, нелегална, спротивна на закон, доизградба на веќе и така безправниот објект.
Како сопственици на имот, во најкраток можен рок да ги превземете сите правни дејствија и активности како би се спречило настанување на уште поголеми штети. СЕ ОГРАДУВАМЕ од било каква одговорност за сите настанати штети на објектот и превземени нелегални активности. Доколку итно не ја стопирате безправната и нелегална активност на безправниот објект на ул.Васил Стефановски бр. 28 Скопје, ќе ве сметаме за најодговорни во случајот и како соучесник во безправната активност на нашиот имот. Благовремено сте известени за случајот и бараме од вас да реагирате така што објектот да се врати во првобитна состојба односно како што изгледал пред да започнат нелегалните градежни зафати од страна на некакво здружение на оштетени граѓани.
Ве информираме дека ние како сопственици водиме судски спор со здружението на оштетени граѓани и дека сме во фаза на поднесување кривична пријава против истите.Ако во случај да не излезете на лице место и не ја утврдите фактичката состојба ќе поднесеме кривична пријава против вас за злоупотреба на службената должност. Вашата должност е да донесете решение за затворање на самиот објект, односно на градилиштето.Истотака ваша должност е да поднесете кривична пријава против сторителите согласно законот за градежништво, урбанизам и просторно планирање.
БАРАМЕ да ни ја доставите целокупната документација ( во фотокопие ) во врска со објектот на ул. Васил Стефановски бр. 28, што подразбира: записници за отпочнување на градба, записници со кои се утврдува дека објектот е дивоградба, известувања до инвеститорот и нас како сопственици на градежната парцела 11170 К.О. Центар 1 дека е донесено решение за уривање уште во почетната фаза на градење, согласност од нас сопствениците за спојување на објекти во еден објект, согласност за отворање на прозорци и тераси кон соседната парцела и воопшто целокупната документација што е водена од вас како инспектор за објектот на ул. Васил Стефановски бр.28
Истотака инсистираме да ни одговорите написмено што сте превземале како активност за расветлување на случајот со исчезнувањето на целосната документација
односно проектот заверен под архивски знак 1606, архивски број 16-1120 од 26.04.2004 година, водено од Биљана Минова и тогашен раководител Ратка Марковиќ. Доколку сметате дека не е во ваша надлежност, посочете ни конкретно каде и кај кого треба да се обратиме. БЛАГОДАРАМ.

Anonymous said...

ДО
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИЕР НИКОЛА ГРУЕВСКИ
17.01.2008

И З В Е С Т У В А Њ Е

ОД ГРАЃАНИ НА Р.МАКЕДОНИЈА И СОПСТВЕНИЦИ НА ИМОТ ВО Р.МАКЕДОНИЈА
НА УЛ. ВАСИЛ СТЕФАНОВСКИ бр. 28 К.О.11170 ЦЕНТАР 1 СКОПЈЕ

ДО ГОСПОДИНОТ ПРЕМИЕР НИКОЛА ГРУЕВСКИ

Господине премиер Никола Груевски, ние сопствениците на имот на ул.“Васил Стефановски“ бр. 28 Скопје, се обративме до сите можни институции во Р. Македонија кои се надлежни за нашиот проблем. Ова наше обраќање до вас значи дека ниедна институција не одговорила на нашиот проблем и дека вие сте последната институција во земјава на која можеме да се обратиме.
За што се работи. Ние како сопственици на имот склучивме договор за заедничка изградба на стамбено-деловен објект. Фирмата ПЛАТИНА инжинеринг со која склучивме договор, односно нејзините сопственици, се во бегство ( со украдените пари од Комерцијална Банка ).
По нивното бегство, на дивоизградениот објект што се наоѓа на нашиот имот се појавија луѓе со очигледно фалсификувани документи за здружени средства со ПЛАТИНА. Известени се и поднесени пријави до општина Центар, Министерството за транспорт и врски, нотар Ленка Мицајкова, судија Цветанка Кузмановска, СВР, В.Контрола, до полициска станица “Беко“ и едноставно никој ништо не правзема иако сите кажуваат дека сме во право.
Имаме извршно решение за уривање на објектот- спречени сме да постапиме по извршното решение, дури полицијата им помогна во спречувањето.
Имаме доказ, документи каде претседателот на здружение лажно се претставува дека е наш полномошник- полицијата и јавното обвинителство не превземаат ништо.
Имаме доказ дека дивоизградениот објект на наш имот продолжува да се гради повторно без никакви потребни документи и без наша согласност- не ги спречува никој, иако ги имаме известено сите надлежни институции и органи.

Очигледно сме загазиле во срцето на градежната мафија која под задкрила на оштетени граѓани, наводно здружувале средства и се чувствуваат оштетени.

Ние сме приморани правдата да ја бараме на меѓународниот суд за човекови права. Ова што се случува овде во нашава држава го нема никаде на светот.

ПРИЛОГ
Поднесени пријави до сите органи и надлежни институции
Лажно представување во наше име со наш договор и полномошно
Објект дивоградба кој на лице место се утврдува дека се гради без никаква дозвола

Поднесител

________________________ бидејки не ни е овозможен прием

Anonymous said...

СОПСТВЕНИЦИ НА ИМОТ
Улица “ Васил Стефановски “ бр. 28 Скопје
____________________________________________________________
полномошник

ДАТА: 09. Јуни. 2008 год.

ДО: ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
- Премиер Никола Груевски -

ПРЕДМЕТ: УРГЕНЦИЈА - УКАЖУВАЊЕ

Почитуван г-ин Премиер Никола Груевски,

Ви се обраќаме по трет пат но сега без надеж дека и Вие ќе ни излезете во пресрет за решавање на нашиот проблем. Нашите надежи за Вашата искреност паднаа во вода кога ја видовме листата на кандидати во Вашата и нашата изборна единица бр. 1. На листата, под реден број 18 за кандидат беше предложена Дафинка Саздова, личност со која имаме проблем подолго време од сферата на криминалот, поточно УРБАНАТА МАФИЈА. Ние со нашата 19 члена фамилија не излеговме на гласање и плус агитиравме кај наши познаници и пријатели кои ја знаат нашата ситуација да не излезат на гласање од причина што се плашевме да допринесеме за вашата партија, односно за кандидатот со реден број 18 Дафинка Саздова да добие повеќе гласови и да влезе во парламентот.
Ова нам што ни се случува е невидено досега во пракса било каде и во било која земја ( ова е заклучок на невладините организации и некои наши Државни институции кои барем пробаа законски да постапат за да се реши нашиот проблем). Секаде каде што се обративме, во сите институции искоментираа дека позади "ОВАА РАБОТА" стои некоја "ВИСОКА ЛИЧНОСТ".Од тие причини сите се плашат и не знаат како да постапат по овој наш предмет. Сите се сложуваат во едно, а тоа е дека се работи за голем криминал и дека ние досега најдалеку сме стигнале во борбата со криминалците. Оценките што ни ги даваат е врз основа на писмени докази и сведоци.
Споменатата Дафинка Саздова е лидер во градежниот криминален бизнис во соработка со општина Центар, поточно градоначалничката Виолета Аларова и градежниот инспектор Милан Пижула Засилена од нејзината моќна позиција и нејзините "ПРИЈАТЕЛИ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ" на сличен и погруб начин тоа и нам ни се случи и сеуште ни се случува. Нас не ни е дозволено да стапнеме на нашиот сопствен приватен имот и едноставно да владееме со истиот. Последно што дознавме е дека непознати лица со криминално Барање уп.бр.1110/674 од 07.03.2008 год.( од Катастар е прифатено такво Барање иако е незаконски ) Барање за сопственост, во катастар пробале и успеале да ни се впишат во имотниот лист како забелешка, а сеуште чекаме да видиме како го решиле предметот. Кога и се обративме на вработената која го води предметот и и ги покажавме документите едноставно се исплаши и рече, цитирам: "За ваков случај еднаш ми беше запалена куќата и бев преместена во Куманово да работам. Сега повторно ме местат. Искрено, јас веке добив Ургенција од надвор за да го сработам предметот и јас ке морам да го сработам. Од понеделник 02. Јуни 2008 год. ке земам годишен одмор а вие справувајте се како знаете бидејки не сте ни свесни кој све не е вмешан во овој предмет," затворен цитат.
За каква демократија, слободно живеење, борба против корупцијата, владеење на право и слично зборувате господине Премиер Никола Груевски. Со години во Република Македонија се зборува за ГРАДЕЖНАТА УРБАНА МАФИЈА и знаете ли барем еден таков од таа мафија да биде приведен и да го одслужува заслуженото. Сите тие што се во затвор, од типот на: газдата на "ФИКОМ", газдата на "ГИА ИНЖИНЕРИНГ", газдата на "САМАРИЈА" и слични се само една алка од синџирот на криминалот во градежништвото. Ако наведените газди на фирми се веке во притвор и само тие се УРБАНИТЕ КРИМИНАЛЦИ, тогаш зошто криминалот во градежништвото не запре. Напротив, сега тој криминал е уште поразвиен и е во уште по скриена форма а тоа значи дека е скриен позади институциите на системот. Теренските криминалци се кријат зад "ОШТЕТЕНИ ГРАЃАНИ", а службениците се кријат позади законите кои си ги толкуваат по нивна потреба и на нивен начин. Можеби е тоа метод на финансирање на партиите, кој знае.

ПОЈАСНУВАЊЕ НА НАШИОТ ПРОБЛЕМ
Ние сме сопственици на имот на ул. Васил Стефановски бр.28 Скопје. На нашиот имот се гради објект без наша согласност, без проект, без платени комуналии и без дозвола за градење.
Градителите за нас се непознати луѓе кои ангажирале агенција за обезбедување на имот и лица со цел да ни се забрани секаков пристап на нашиот имот ( доказ – пријавите поднесени до полициска станица "БЕКО" за физички напад на мене и мојата фамилија и физички напад врз мојот сопруг од непознати лица организирани од Вашата кандидатка Дафинка Саздова кое брутално крвничко претепување се случуваше пред нејзини очи).
За безправната криминална градба, за сите криминални настани и за прекршување на НАШЕТО ОСНОВНО ЧОВЕКОВО ПРАВО сте известени Вие господине Премиер Никола Груевски, министерот Миле Јанакиевски, министерката Гордана Јанкуловска, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот управен инспекторат при министерството за Правда, М.В.Р., С.В.Р. - економски криминал, полициска станица "БЕКО", градоначалничката Виолета Аларова, претседателот на советот на општина Центар Владимир Здравев, сите во општина Центар надлежни за проблемот, Антикорупциска комисија, невладини организации, инспекторат за надзор на Нотари при министерството за Правда, Нотарска комора, Основното Јавно обвинителство, Јавното обвинителство на Р. Македонија, Судот и др.
Дел од Државните институции веќе донесоа извршни решенија во кои решенија е наведено кои институции и Државни службеници се виновни за овој наш проблем и дека со тоа
СЕ ПРЕКРШЕНИ НАШИТЕ ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД СТРАНА НА ДРЖАВАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Овој Поднесок до Вас како Премиер на Република Македонија го сметаме за Ваша информираност околу настаните што ги загрозија и прекршија нашите основни човекови права и Ваше неодговорно раководење со институциите во Република Македонија кои дозволија тоа да ни се случи. Воедно ако не превземете ништо конкретно во рок од 15 дена од денот на примањето на овој Поднесок ке Ве сметаме за главен и одговорен за неправдата што ни се случи и ни се случува нам во Република Македонија.

Прилог (3 бр.)
- Решение од Министерството за Правда - Државен управен инспекторат -,
- Решение од Државната дирекција за заштита на лични податоци,
- Известување од Министерството за транспорт и врски,
- Постои Владино второстепено Решение бр.1975/2 од 16.12.2005 год. ( ние го немаме ).

Ние сме спремни да го браниме нашиот сопствен имот до последната капка крв.

Поднесител


____________________________
OVA E SAMO MINIJATUREN DEL OD PODNESOCITE NA SOPSTVENICITE NO OD STRANA NA DRZAVATA I NEJZINITE INSTITUCII NE E POMRDNATO SO PRST.

Anonymous said...

МИСТЕРИЈА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР Исчезнале документите за заградата на "Платина"Општинарите откриле дека документите за зградата зад Католичка црква ги нема по избивањето на аферата кога сопственикот на "Платина инженеринг" Рокан Анастасовски побегна од државата, откако по неколку пати ги продал становите
Документите за зградата зад Католичка црква на улица Васил Стефановски бор 26 и 28, која ја гради фирмата "Платина инженеринг", исчезнале. Во Општина Центар и во Министерството за транспорт и врски сега имаат само кошулица од предметот за оваа зграда, која почнала да се гради во 2003 година, а е завршена во 2004 година. За неа инвеститорот не извадил одобрение за градба и таа беше ставена на листата на дивоградби за уривање. Станарите и од Општина Центар, а по одземање на ингеренциите и од Министерството за транспорт и врски побараа сами да ги платат комуналиите и да ја легализираат зградата, за да не се урива. Соња Шумкова, раководител на секторот за урбанизам на Општина Центар, на последната седница на Советот на Центар рече оти утврдиле дека недстигаат документите по избивање на аферата со оваа зграда кога сопственикот на "Платина инженеринг" Рокан Анастасовски побегна од државата, откако по неколку пати ги продал становите. "Ние од Министерството за транспорт и врски не ги добивме предметите од 2003 каде што би требало да биде и документацијата за овој предмет. По налог на градоначалничката Виолета Аларова, од централната архива го побаравме предметот, а кога го добивме, во него имаше само кошулица и барање за почнување на постапка за издавање одобрение за градба. Ги немаше останатите документи, меѓу кои и проектот за градба. Не знам што се случило со документите. Барањето за одобрение за градба е поднесено пред децентрализацијата и постапката тогаш ја водеше Министерството за транспорт и врски", рече Шумкова. Жаклина Ангеловска, директор на Државниот градежен инспекторат, вчера потврди дека од предметот за зградата зад Католичка црква останала само кошулицата."Кога правевме инспекција во Центар, во нивната архива од овој предмет беше останата само кошулицата. Ќе бидеме во контакт со МВР за да се најде документот, односно да се види дали е запленет од полицијата кога изби аферата. Од Општина Центар побаравме да ни ги предаде сите предмети и откако ќе ги провериме, ќе одлучиме што ќе уриваме и кога", рече Ангеловска.(Е.А.)


Ova e prvicno sto bese napisano vo novini...

Anonymous said...

Кривично дело Злоупотреба
СЛУЧАЈ: Кривично дело Злоупотреба на службена должност и овластување од чл.353 од КЗ и Кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од КЗ
ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1 СКОПЈЕ, како првостепен кривичен и надлежен суд на ден 20.06.2007 година донесе пресуда за следните лица:
- М.А. од Скопје, обвинета за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. со ст.3 и 1 со чл.45 од КЗ. Осудена на казна затвор од траење од 8 години.
- П.Д. од Скопје, обвинет за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в со ст.3 и 1 со чл.24 и 45 од КЗ и кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.3 в.в со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ. Осудениот П. Д. за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. со ст.3 и 1 со чл.24 од КЗ казна затвор во траење од 2 години, За кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.3 в.в со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ на казна затвор во траење од 4 години.Согласно чл.44 од КЗ, на обвинетиоит П.Д. му е изречена единствена казна затвор во траење од 5 години.
- Р.А од Скопје, обвинет за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в со ст.3 и 1 со чл.23 од КЗ и кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од КЗ.Осудениот Р.А. за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в со ст.3 и 1 со чл.23 од КЗ на казна затвор од 4 години, За кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од КЗ на казна затвор од 4 години.Согласно чл.44 од КЗ на обвинетиот Р.А. му се изрекува единствена казна затвор од 7 години.
- Р.П од Скопје, обвинета за кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.3 в.в. со ст.1 од КЗ, а по обвинителен акт на Јавно Обвинителство на РМ. Осудена на казна затвор во траење од 6 години.
ВИНОВНИ СЕ ЗАТОА ШТО: !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Обвинетата М.А. вработена како одговорно лице-одговорна на реферат за акредитиви и инкаса во Сектор за односи со старанство во Комерцијална банка АД Скопје со прва категорија на овластувања во надворешниот промет на банката, ја искористила својата службена положба и овластување и прибавила имотна корист за Друштвото ДИН ДОО Оточец Република Словенија и TAJONEX HOLDING LIMITED NYCOSIA-KYPRUS, а причинила штета на Комерцијална Банка АД Скопје.Ова го сторила по барање на обвинетиот Р.А. кој е нејзин сопруг кој со умисла ја потикнал наведувајки ја да ги преземе предметните дејствија, отворила невистинит акредитив на веќе постоечки број на вистински акредитив, на налогодавач Тиквеш Винарска визба АД Скопје, а наведувајки дека како корисник на акредитивот се јавува ДИН ДОО Оточец Република Словенија, тоа го сторила така што доставила свифт порака за отворен акредитив од страна на Тиквеш Винарска визба АД Скопје во корист на ДИН ДОО Оточец Република Словенија, во што обвинетиот П.Д. со умисла и помогнал така што со Нова Љубљанска банка ДД Љубљана Република Словенија , склучил договор за откуп на акредитив и потпишал невистинит договор наводно склучен помеѓу Тиквеш Винарска визба АД Скопје и ДИН ДОО Оточец, како и на НЛБ приложил невистинита потврда наводно издадена од Тиквеш за примена стока, со цел да биде исплатен акредитивот и известување до Комерцијална Банка Скопје во име на ДИН ДОО Оточец.Кога парите биле префлени на сметката на ДИН ДОО обвинетиот П.Д. како одговорно лице во ДИН ДОО, во име на Друштвото примил пари иако знаел дека истите потекнуваат од кривично дело, од кои пари пуштил во оптек така што од сметката на ДИН ДОО ги уплатил со налог за извршување во странство на сметката на Платина Инжинеринг ДОО Скопје.Обвинетата М.А. отворила и платила без налог и покритие невистинит акредитив во корист на фирмата TAJONEX HOLDING LIMITED NYCOSIA-KYPRUS, искористувајки вистински број на акредитив каде што како налогодавач се јавува Друштвото Витаминка АД Прилеп, а потоа извршила плаќање на износ во корист на фирмата TAJONEX HOLDING LIMITED NYCOSIA-KYPRUS, од кои 100.000 евра биле префрлени на лична тековна евро сметка во Прокредит Банка Битола на обвинетиот Р.А., како и на сметката на обвинетата М.А. и на сметката на обвинетата Р.П., кои парите ги примиле иако знаеле дека потекнуваат од казниво дело.Обвинетата М.А. се обидела да отвори акредитиви без налог и покритие на број на акредитив Макпетрол во корист на ANEVO TRADING LIMITED AND VAN ZWIETEN HOLDING, отвора акредетиви без налог и покритие на број на акредитив на Адинг и акредитив на Гранит Л/Ц Драфт.Обвинетата Р.П. во месец август 2006 како управител на Платина Инжинеринг ДОО Скопје по уплатата од ДИН ДОО на сметката на Платина Инжинеринг ДОО Скопје, за кои знаела дека потекнуваат од кривично дело сторено од нејзината сестра – обвинетата М.А. ги пуштила во оптек , така што од од нив уплатила на сметката на сведокот С.С. во Тутунска Банка во Скопје и со налог уплатила на сведокот Д.К. во Тутунска Банка за враќање на средстава наводно уплатени за купопродажба на стан, како и земена позајмица.
OVA E OFICIJALEN IZVESTAJ. Inicijalite na "navodniot svedok" S.S. e vsusnost Saso Srbinoski glaven organizator na terenskite igraci. Momentalno gradi uste nekolku objekti niz Skopje no sepak za MVR e osteten gragjanin.