Го препорачувам написот од Ана Ангелова на Окно „Катастрофа на умот“(п) чија цел е да ја разбуди емпатијата и свеста дека она што се случува на Хаити не е изолирана појава карактеристична само за таа средина:
Со непланското инвестирање на буџетот, странските донации, грантовите и заемите и со нивно трошење за задоволување на лични хирови, политичарите на Хаити креираа земја која е неспособна да се соочи и справи со природните катастрофи…
Ова е особено важно оти целото човештво многу брзо ќе биде приморано да санира низа слични несреќи низ целиот свет, предизвикани од климатските промени и општествените услови.
Многу од денешните компјутерџии може со носталгија да се потсетат дека им е позната мапата на Хаити, можеби и без да им текне дека ја запознале играјќи ја оригиналната игра „Пирати!“ (Pirates!) на Комодор или Амига. Во играта, пловењето низ Карипското Море меѓу Куба и Јамајка покрај денешно Хаити беше проблематично поради јакиот ветер и малкуте градови на брегот. Играта дава романтична слика за еден период кога всушност профитот се базирал на геноцид и ропство, а пиратите биле дел од тој „синџир на исхрана“, односно „економски модел“.
Ако ве интересира воената историја на Хаити, знаете англиски и не ви пречи политичка некоректност, може да ви послужат следните два написи од 2004 г. во кои се објаснува како функционирал системот на владеење заснован на
- тотална поврзаност меѓу државата (диктаторот) и религијата (суеверието),
- во спрега со башибозукот (паравоени формации на партиски кадри лојални само кон водачот),
кој го нарушувале само повремени интервенции на маринците на САД:
No comments:
Post a Comment